Почетна / Активен живот / Моќното дејство на водата врз нашето здравје

Моќното дејство на водата врз нашето здравје

Соодветната хидратација е неизмерно важна за секое живо суштество, вклучувајќи го и човечкиот организам кој се состои од 70 % вода. Водата во организмот ги одржува клетките во телото и правилното функционирање на органите, а нејзиниот недостаток првично се манифестира со следните симптоми : жед, вртоглавица, замор, главоболка, недостаток на концентрација, а подоцна, кога веќе здравјето е загрозено, симптомите се : треска, топлотен удар, замор, отечен јазик, вртоглавица, па дури и смрт. Не смееме да заборавиме дека дехидрацијата веќе настапила кога се појавува жедта- треба да се пие вода цело време.

vodaaaaa

Во нормални услови, на човечкото тело секојдневно му се потребни два литри течност, и тоа течности, како незасладен чај, вода, минералната вода и супа. Имајќи предвид дека со конзумација на нутриционистички богати намирници внесуваме и до 20-30% течности, тогаш можеме да кажеме дека сме доволно хидрирани.

Доколку се наоѓаме во потопол дел од годината, кога температурите се повисоки и засилено се потиме, внесувањето на течности мора да биде уште поголемо. Не смееме да заборавиме во летниот период, освен обична вода, да конзумираме и храна богата со минерали, кои ќе ги надоместат минералите во телото изгубени со потењето . Ова најдобро се постигнува со конзумирање свеж и варен зеленчук, риба, пилешко и мисиркино месо, но пред се, со супа од зеленчукук, месо и риба и кои не смеат да бидат премногу солени, за да не ги оптоварат бубрезите.

Посебна приказна се спортистите, кои се изложени на зголемени напори, особено доколку се натпреваруваат или тренираат на повисоки температури. Спортистите во текот на летото, може да изгубат и до 4 килограми, и тоа само преку потење. И додека некогаш советите за избегнување на течности за време на вежбање беа златно правило, денес тоа е променето. Лекарите советуваат задолжително земање на вода или изотонични пијалоци за време на вежбањето , во мали голтки по неколку пати, пред се за да се избегне дехидрација , но следствено, и за да нема послаби резултати.

Два часа пред тренингот, потребно е да испиеме 2 чаши вода , а пет минути пред тренингот, треба да се испие уште една чаша од 2-2,5 дл. За време на вежбањето, на секои дваесет минути испијте 2,5-3 dcl течност. Доколку ги броите потрошените калории , ќе ви помогнат препораките на докторите кои советуваат дека за секои 1.000 потрошени калории потребно е да се надокнади со литар вода.

И не заборавајте на најважното правило – кога ќе се почувствувате жедни вие веќе сте дехидрирани, затоа пијте вода на време!
vaga

 

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...