Почетна / Здравје и исхрана / Моќниот природен антибиотик- ”неговото височевство” ЛУК

Моќниот природен антибиотик- ”неговото височевство” ЛУК

Лукот е употребуван како лек во многу култури во текот на илјадници години, односно неговата примена во медицински цели е стара колку што и египетските пирамиди. Се смета дека лукот помага при срцеви заболувања, како атеросклероза, високо ниво нахолестерол во крвта, висок крвен притисок и рак.
Научникот Луј Пастер во 1858-та година потврдил дека лукот има антибактериски својства и бил применуван како природен лек против инфекциите, пред пронаоѓањето на антибиотиците.

Allium sativum L., попознат како лук, е вид на растение во фамилијата Лукови. Негови блиски сродници се кромидот, козјиот лук(шалот), празот и власецот. Низ историјата, лукот е користен во кујнски и медицински цели. Има остра арома и вкус кој се разблажува во текот на готвењето. Луковицата од лукот, која е најчесто користена во исхраната, е поделена на повеќе месести делови нареченичешниња. Чешнињата се користат како семе, за исхрана (свежи или зготвени), како и во медицински цели. Листовите, стеблото и цветовите (наречени булбили) се исто така јадливи и најчесто се употребуваат додека не се  зрели и се  нежни. Единствен дел од лукот кој не се смета за јадлив е неговата обвивка.

Народен лек за покачен крвен притисок и тоа доста ефикасен чие дејство е научно потврдено е лукот.И суров и варен лукот значително го намалува крвниот притисок, но свежиот лук е поефикасен.

Лукот содржи околу 200 биолошки активни соединенија, а многу од нив се важни во превенцијата на многу заболувања. Така на пример, супстанцијата алицин, која ја содржи лукот има антивирусно, антибактериско и антигабично дејство.

honey,garlic and lemon as natural medicine
honey,garlic and lemon as natural medicine

Какви бенефиции може да има вашиот организам од секојдневно консумирање на лук?
honey-and-garlic
– Лукот го спречува настанувањето на тромб во крвта, поефикасен е од аспирин, кој може да доведе до крварење во желудникот
– Спречува  акни и херпеси – намачкајте го местото со акни или херпес наутро и навечер со пресечено свежо чешне лук – тие ќе се исушат во текот на денот. Постапката повторувајте ја се додека не исчезне херпесот, а акните не се исушат комплетно
– Ја зголемува еластичноста на кожата
–  Спречува настинка (измешајте две лажици мед со едно чешне лук, додадете малку црн бибер и една лажичка сок од лимон), ова е најдобриот начин за зајакнување на организмот во борбата со најразлични инфекции во телото освен настинката
–  Консумирајте лук со мед и спречете појава на габични инфекции како кандида
–  Во народната медицина е познат како прва помош при појава на детски глисти,
– делува антиканцерогено
– делува поволно на крвотокот, крвниот притисок, крвните садеви, бубрезите и делотворен е при исфрлање на токсините од телото670px-reduce-the-appearance-of-pimples-with-garlic-step-3
– Го поттикнува растот на косата. Намачкајте го својот скалп со мешавина од кокосово масло и истолчен лук (1 лажица кокосово масло и 3 чениња лук) и оставете го да отстои 15 минути. Измиете неколку пати за да го остраните мирисот на лук и маснотијата. Постапката повторувајте ја барем еднаш неделно.
– За да го намалите вашиот крвен притисок додадете до две чениња во чаша со јогурт или пак исецкан ситно во салата со магдонос и краставички. Делува делотворно така што набргу ќе ви помогне да го стабилизирате притисокот.

Доколку се плашите од неговиот мирис консумирајте го кога ќе се вратите од работа наместо доцна навечер или рано наутро затоа што вашиот здив може да има карактеристичен мирис.
За да го неутрализирате мирисот секогаш консумирајте свежо исецкан магдонос по консумирањето на лук. Магдоносот е одличен неутрализатор на мирисот на лук.

Посебно е потребно да внимавате со количината на консумиран лук затоа што може да ви предизвика тегоби во желудникот, доколку веќе ги имате консумирајте го со вашиот оброк во помали количини и секогаш консумирајте магдонос.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...