Почетна / Активен живот / Младата Миа Крстевска е рекордерката на Македонија во младинско пливање

Младата Миа Крстевска е рекордерката на Македонија во младинско пливање

Младата пливачка Миа Крстевска(16) во овој спорт е веќе 10 години, во нејзина сопственост се повеќе младински и апсолутни рекорди на Р.Македонија.

Минатата година ја заврши мошне успешно со повеќе од 100 медали и дипломи, беше прогласена за најдобар пливач во женска категорија на државните првенства во Македонија, победник на Македонскиот куп во далечинско пливање(5км) на три езера, апсолутен победник на неколку домашни и меѓународни натпревари.

Оваа година продолжува со нови медали и рекорди на 100 и 200 метри грбно, висок пласман на Балканското првенство каде учество земаа 11 држави, во наредниот период и следат уште неколку големи натпревари  за кои напорно се подготвува.

Миа е членка на ПВК Орион, а од неодамна е и амбасадор на Тримекс, генерален  застапник за поизводите на NowFoods и Nutrex Hawaii.

Миа е уште еден одличен пример и репер за сите талентирани младинци во нашата земја- со напорна работа, мотивација и победнички дух – успехот е загарантиран.

Горди сме на успехот на Миа и и посакуваме голема среќа и уште поголеми успеси во понатамошната кариера.

Проверете и

Што треба да се јаде пред и после вежбање

Доколку внимаваме на тежината и оджување на витката линија, некогаш исклучивото практикување на редовна физичка ...