Почетна / Совети за здравје / Микробранова: Заштеда на време, губење на хранливи материи или опасно зрачење?

Микробранова: Заштеда на време, губење на хранливи материи или опасно зрачење?

Микробрановите печки се ефтини, едноставни за употреб, штедат на време, трошат помалку струја од обичните печки, но постои и загриженост дали ваквиот начин на загревање на храната е безбеден и дали храната го губи нејзиниот квалитет.

Како микробрановата печка работи?

Микробрановата печка не произведува топлина дирекно како обична рерна или шпорет. Во неа се создава електромагнетно поле со микробранови кои се усмерени кон храната која се загрева. Овие микробранови се абсорбираат од страна на молекулите на водата која се наоѓа во храната и предизвикува нејзино ротирање, што доведува до триење меѓу молекулите при што се создава топлина ( како кога во зима ќе ги протриете рацете). Топлината настаната со ротирање на молекулите од водата се пренесува на околните молекули и така брзо се загрева. Затоа храната која содржи повеќе вода побрзо се загрева во мигробрановата.

Микробрановата е извор на опасно зрачење?

Микробрановата печка топлината ја произведува со зрачење кое е нејонизирачко, а такво зрачење имаат и мобилните телефони, радио апаратите, wi-fi, разни електрични уреди итн. Микробрановото зрачење е усмерено само во внатрешноста на печката а не надвор. Металот ги одбива електромагнетните зраци и затоа на вратата се наоѓа метална мрежа, со што зраците сигурно ќе бидат усмерени во внатрешноста.

Кога храната ќе ја апсорбира енергијата од микробрановата, оваа енергија се претвора во топлотна енергија, што значи дека храната е загреана а микробрановото зрачење ниту а еден друг начин не се пренесува.

Микробрановата ги уништува хранливите материи?

Генерално, колку подолго е времето на греење и температурата е повисока толку храната повеќе ги губи хранливите материи. Поголем дел од намирниците или храната ја загреваме за побрзо и пократко време.  Сепак, ова не важи за сите намирници: на пример зеленчукот губи најмногу витамини кога се готви во вода, а потоа во микробранова, додека најмалку витамини зеленчукот губи ако се приготвува на пареа. Причината е едноставна, не доаѓа до губење на витамините во околната средина. Некоја храна е подобро да се готви на шпорет во отворени садови за да се елиминираат гасовите: зелка, грав, карфиол.

Кога микробрановата е опасна?

Проблемот со зрачењето може да настане кога вратата од микробрановата е отворена или не диктува добро, со што микробрановите кои делувале на молекулите на водата делуваат исто во нашиот организам како врз храната. Новите верзии на микробранови печки автоматски го прекинуваат зрачењето кога вратата од печката ќе се отвори.

Подгревање на храна во микробранова може да биде опасно во случај кога готвиме храна од нехомоген состав. Супа со месо, компир и моркови и слично, бидејќи сите делови на храната не се загреваат еднакво, па компирот може да изгори додека пак месото останало ладно. Исто така, храната притоплена во микробранова поспоро се лади, затоа што и после вадењето на храната од печката, молекулите по инерција ротираат и произведуваат топлина уште некое време. Затоа се препорачува храната во загреаната печка добро да ја промешате и малку да почекате пред да ја изедете.

Во микробрановата печка најдобро е да ставите само садови од керамика, огноотпорно стакло, порцелан, трмоотпорна пластика. Дури и мала количина на метал, како шарки на чинијата или алуминиумска фолија микробрановата ја претвора во струја што на долг рок може да ја уништи микробрановата печка – би се генерирала голема количина струја. Кај пластиката која не е наменета за користење во микробранова, може да дојде до миграција на опасни материи од пластиката во храната.

Некои пакувања со пченка за пуканки во микробранова содржат перфлуорооктанска киселина која се разградува на висока температура чии продукти од нејзиното разградување се канцерогени. За среќа, пуканките освен на вообичаениот начин можете да ги спремите така што пченката за пуканки заедно со путер или масло ставете ги во затворен стаклен или ќерамички сад. Вклучете ја микробрановата печка на најјако 2-3 минути.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...