Почетна / Совети за здравје / Микроалгите во одбрана за здравјето во модерното секојдневие

Микроалгите во одбрана за здравјето во модерното секојдневие

Bob-Capelli-Bio-Pic
Боб Капели, потпретседател на Cyanotech Corporation

Ако имате среќен брак, тоа е една „нула“, ако имате добри деца, тоа е уште една „нула“ и ако имате добра работа, тоа е уште една „нула“. А единственото нешто во животот што се брои како „еден“ е здравјето. Така што, ако имате многу добри работи во животот, но немате добро здравје, завршувате со „нула“, вели Боб Капели потпретседател на најголемиот производител на светот на микроалги за исхрана Cyanotech Corporation, чија филијала е Nutrex Hawaii.

Господине Капели, зошто алгите носат големи ветувања за нечие здравје? Што е тоа во нив што кај здравјето на луѓето?

Микроалгите значат алги кои што се толку мали што човечкото око не може да ги види без употреба на микроскоп. Овие алги можеби се многу мали, но тие имаат огромно ветување во помагањето на луѓето да живеат подобар, поздрав, подолг живот. После 30 години истражувања и производство, двете алги на кои Nutrex Hawaii е фокусирана на производство се Spirulina (позната комерцијално како „Hawaiian Spirulina Pacifica“) и Haematococcus pluvialis, од која е извлечен астаксантинот (комерцијално познат како BioAstin „Hawaiian Astaxanthin“). Ние порано произведувавме други алги, и истражувавме стотици различни видови, но овие две се оние за кои утврдивме дека се најдобри за човековото здравје. Овие продукти помагаат кај широк спектар на различни состојби и превенираат кај повеќето од вообичаените болести опасни по живот како рак, срцеви болести и многу други. И сето тоа е документирано во стотици различни научно-истражувачки студии и кличнички испитувања на луѓе.

Дали процесот на екстракција на некој начин придонесува да се изгубат хранливите материи на алгите?

Многу од хранливите материи во алгите може да се уништат за време на производството и пакувањето, поради оксидација, топлина или изложување на светлина. Кислородот е најголемиот непријател во таа смисла и иако не ги прави производите небезбедни, сепак, во текот на преработката и пакувањето може да придонесе тие да бидат бескорисни. Nutrex Hawaii располага со напредна технологија која ни овозможува да ги задржиме сите кревки состојки во Spirulina и BioAstin во текот на секоја фаза од процесот – од одгледувањето на алгите, до нивното собирање, сушење, создавање готови производи и на крајот, пакувањето. На пример, нашиот основач и главен директор истражувач, д-р Gerald Cysewski, разви специјален процес на сушење наречен „Океанско ладно сушење“ кој ни овозможува да ги сушиме алгите во средина во која нема кислород и каде има ниски температури за само 3 до 7 секунди. Резултатите од процесот на сушење и сите останати постапки што ги преземаме за да спречиме оштетување на алгите може да се види со анализа на крајните производи: на пример, Hawaiian Spirulina Pacifica содржи двапати повеќе клучни состојки отколку која било спирулина на пазарот, како и 3-4 пати повеќе хранливи состојки од секундарните производи од алгата спирулина што ја има во Кина. Ист е случајот со производите од астаксантин: Nutrex’s BioAstin Hawaiian Astaxanthin секогаш го содржи гарантираното количество астаксантин што го наведуваме на пакувањето. Анализата на рекламите за други 17 производи од астаксантин покажа дека само три од нив во себе ја содржат количината астаксантин што ја наведуваат на пакувањето. Ова се случува, зашто другите компании што создаваат производи од астаксантин не знаат како да ги заштитат алгите за време на производствениот процес.

spi

Кои се придобивките од користењето суплементи од микроалги?

Луѓето кои што користат Астаксантин, можат да забележат резултати на својата кожа вообичаено за околу четири недели: помалку брчки, зголемена еластичност и влажност на кожата. Кај овие лица се намалуваат болките во зглобовите и тетивите и стануваат поактивни благодарение на антивоспалителните карактеристики што ги има Астаксантинот. Утврдено е дека тој го штити и го подобрува здравјето на мозокот и очите. Една од поголемите придобивки од користењето Астаксантин е тоа што им дава сила и издржливост на атлетичарите и на активните луѓе, како и побрзо враќање во форма по воспаление од вежбање. Спирулината е беспрекорна кога станува збор за зголемување на имунитетот кај луѓето и нивната отпорност на настинки и грип. Лично, не сум се разболел од настинка или грип повеќе од 11 години, откако почнав да користам Хавајска Спирулина. Спирулината е добра и за подобрување на кардиоваскуларното здравје и за превенција од анемија. Дополнителна придобивка за повеќето луѓе што користат Хавајска Спирулина е тоа што имаат повеќе енергија во текот на денот. Не се работи за оној вид енергетско подигнување од кофеин, каде подоцна следи пад на енергијата, туку Спирулина помага да бидете полни со енергија генерално, во текот на целиот ден.

Што се случува со евентуалното предозирање? Дали состојките во суплементите можат на некој начин негативно да влијаат ако се земаат во комбинација со одреден вид храна? Дали суплементите на Cyanotech се на каков било начин штетни?

Ќе ви ги одговорам сите прашања одеднаш. Спроведовме голем број тестирања на безбедноста на Спирулина и на Астаксантин и ниту еден од двата производи не покажа никаков вид токсичност, дури и во големи дози и во подолго време од предвиденото. Исто така спроведовме постојани и моментни тестирања на токсичноста на двата производи и среќни сме да ве информираме дека тие се комплетно безбедни, немаат негативни ефекти или контраиндикации, дури и ако се консумираат со кој било друг вид медикаменти или суплементи. Но, најпозитивно е тоа што не треба да земате голема количина од овие производи за да ги почувствувате придобивките од нив. Дневната доза од 4-12 милиграми Астаксантин е исто толку добра, како и онаа од 20, 30 или 40 милиграми. Препорачаната доза од Спирулина е 3 грама дневно, иако вегетаријанците честопати користат од 5-10 грама дневно, заради потребното количество протеини, железо и витамин Б-12 во Спирулината.

Господине Капели, како потпретседател на компанија која продава суплементи и производи за здравје, овде сте поради работата, за задоволство или можеби во Македонија пронаоѓате нов терен за истражување (во смисла на сурови материјали) и за истражување на пазарот?

Дојдов во Македонија зашто овде имаме одличен дистрибутер – „Тримекс“. Таа е првата компанија во источна Европа која ги дистрибуира нашите производи повеќе од 15 години и која заврши одлична работа во земјава каде има мал број жители. Целта на мојата посета на Македонија е да го поддржам „Тримекс“, а мојата општа, севкупна цел каде и да патувам (а нашите производи се продаваат во 63 земји во светот), е да ги научам луѓето како овие производи може да им помогнат за подобро здравје. Нашите производи направија многу за мене лично, па сега сакам да им раскажам на сите за тоа колку се прекрасни!

Зошто воопшто да се користат суплементи? Зарем не може да се добијат сите хранливи и исцелителни придобивки од зеленчукот, овошјето и од балансираната исхрана? Зарем не е тоа она што всушност го одржува здравјето, ако се согласуваме дека здравјето влегува преку устата?

Нема сомнение дека балансираната исхрана која вклучува 5-9 парчиња овошје и зеленчук дневно, е клучот за одржувањето на здравјето. Но, размислете колку нашите животи се променија последните 100 години? Сега се соочуваме со зголемено загадување на воздухот и водата не е толку чиста како некогаш.
Јадеме храна која е се повеќе обработена и одгледувана далеку, па затоа не е толку свежа и полна со хранливи материи како што била некогаш. Има секаков вид хемикалии и загадување, што не постоеле пред 100 години. Исто така, нашиот стил на живот е со зголемени дози на стрес. Сето гореспоменато, предизвикува зголемена оксидација и воспаленија во нашите тела, па така, дури и луѓето што секојдневно се хранат здраво, треба да ги имаат предвид суплементите за да се справат со реалните ефекти на модерниот живот. БиоАстин е светски најсилниот природен антиоксиданс и претставува безбеден и природен борец против воспаленијата. Се работи за мала капсула која може да направи многу за да ги превенира сите болести што може да ги предизвикаат сите овие нови еколошки услови. Три грама од Хавајска Спирулина е исто како да сте изеле пет порции овошје или зеленчук, со исклучок на влакната. Плус, утврдено е дека Спирулината помага да се отстранат отровите и тешките метали. Во комбинација, овие два суплементи се двојна одбрана за да останеме здрави во денешниот модерен свет.

Дали треба луѓето да станат вегетаријанци?

Лично не се залагам луѓето да станат вегетаријанци. Верувам дека и вегетаријанците и оние кои не се, може да јадат здрава храна, која е разновидна. Јас не сум вегетаријанец и, всушност, бев на неколку прекрасни вечери со скара овде во Македонија!

Зошто луѓето треба да користат алги? Зошто не, некои билки кои растат на копно, овошје или зеленчук? Дали магичниот лек може да се најде само под брановите?

Несомнено, многу земјени билки се прекрасни производи, а исхраната богата со овошје и зеленчук е една од најкорисните работи за да се одржи доброто здравје. Но, може да се увериме во ефикасноста на алгите ако ја споредиме Спирулината со друга вообичаена „зелена храна“ која се продава во вид на суплемент. На пример, производи како пченична трева, јачменова трева, алфалфа и камут се одлични растенија на копно. Но, ниту едно од нив нема ниту одблиску толкав број и количество на хранливи материи како Спирулина. Исто така, ниту едно од нив не е забележано во стотици научни истражувања и студии за подобрување на здравјето и болестите, за разлика од Спирулина.

Препорачувате секој ден да се консумира природен Астаксантин и Спирулина. Како потпретседател на компанијата и консумент, сигурно можете да си дозволите да ги имате производите. Зошто би требало сите луѓе, а особено луѓето од земјите од третиот свет да посегнат по производите на корпорацијата „Cyanotech“ во маркетите?

Посакувам нашите производи да се поевтини па така повеќе луѓе да може да ги вклучат во секојдневната исхрана. За жал, скапо е да се произведат Спирулина и Астаксантин, а да се направат лидери во квалитетот со највисоки стапки на хранливи материи, како што го правиме тоа во Nutrex Hawaii, е уште поскапо. Но, ние работиме на стапка на низок профит, не како големите фармацевтски компании кои прават огромни профити и маржи на нивните лекови. Ова го правиме со цел да ги доближиме производите до што повеќе луѓе. Интересно е да се забележи дека Спирулина (ова беше првиот производ на Nutrex направен пред 30 години) имаше за цел да ја искорени гладта во светот. Постоеше идеја секое мало село во земјите во развој, да има своја Спирулина-фарма, бидејќи да се користи Спирулина во исхраната во сиромашните земји, може да превенира неисхранетост и други болести. Овој сон не се исполни зашто уште не најдовме начин да произведуваме Спирулина на начин што не е скап, па затоа не можеме да имаме фарми во малите села. Но, луѓето од средната класа во светот, можат да си дозволат да ги користат суплементите Спирулина и Астаксантин во исхраната. Всушност, нивните инвестиции во овие производи на дневно ниво се многу поевтини, одошто да не ги користат производите, па да се разболуваат, па да не можат да одат на работа… Во англискиот јазик има поговорка дека „Грам превенција тежи килограм лекување“. Со други зборови, подобро е да се потрошат малку повеќе пари дневно, на суплементи што спречуваат болести, отколку да се потрошат многу пари при болести како карцином, срцеви заболувања или дијабетес. Кога гледате на работите на ваков начин, добра економска логика е да се земат овие суплементи, како и да се размисли за своето здравје.

Здравјето е императив, но секако, гледаме дека некои луѓе за кратко време постигнуваат многу повеќе отколку цели нации за генерации. Дали како индивидуалци можеме да смениме нешто кај себе, освен начинот на исхрана, за да направиме разлика за човештвото и за природата воедно?

Арабите имаат теорија дека сите добри работи што ги имаме во животот се „нула“. Ако имате среќен брак, тоа е една „нула“. Ако имате добри деца, тоа е уште една „нула“. Ако имате добра работа, тоа е уште една „нула“. А единственото нешто во животот што се брои како „еден“ е здравјето. Така што, ако имате многу добри работи во животот, но немате добро здравје, завршувате со „нула“. Ако имате добро здравје и го поставите пред сите нули, може да имате милиони.

Се сомневам дека луѓето кои имаат големи постигнувања се поздрави од просечниот човек. Ако човек се храни здраво, секој ден вежба, живее живот без цигари, дрога и претерување со алкохолот и користи суплементи во исхраната со клинички потврдени хранливи состојки како Спирулина и Астаксантин, тогаш таквата личност ќе има многу поголеми шанси да прави одлични резултати и да му помага на општеството.

Што би сакале да постигнете како животна цел, вклучително со вашата работа, лична филозофија, освен успехот на компанијата? Дали би можеле да споделите со нас животна лекција која ќе испровоцира момент на „будење“ и освестување?

Цврсто верувам во образованието. На пример, ако ги учиме луѓето да се однесуваат кон другите онака како што би сакале самите да бидат третирани, не би имале војни, злоупотреби од човек кон човек.
Обожавам да работам за мојата компанија Nutrex Hawaii зашто имаме одлични темелни вредности и правиме производи кои навистина им помагаат на луѓето да се чувствуваат добро и да живеат подолго. Мојата животна цел изминативе 11 години беше да ги учам луѓето во светот за нашите производи, да им помогнам да живеат подобро, поздраво, подолго. Очекувам да ја продолжам оваа мисија уште многу години. Ви благодарам за одличните прашања.

Застапници за Spirulina Pacifica,BioAstin и производите на Now Foods Тримекс, Дооел Скопје

logo

 

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...