Почетна / Здравје и исхрана / Mentha piperita – волшебен мирис и вкус кои имаат лековито делување

Mentha piperita – волшебен мирис и вкус кои имаат лековито делување

Mentha piperita или нане е билка со убав и освежителен мирис на ментол кој во билката го има најмалку 40%. Мента му дава пријатен мирис на чајот, поттикнува работата на метаболизмот помага кај гастритисот и го чува желудникот, намалува надуеност, воспаленија и грчеви.

Нането е корисна и лековита зачинска билка, има убав и пријатен и освежителен мирис. 

За подготовка на чај земете лажица суво нане и попарете со шолја зовриена вода и процедете го чајот по 5 минути. Чајот е одличен природен тоник за зајакнување на целиот организам во зима и за освежување и разладување во текот на летото. Во комбинација со камилица или мајчина душичка ќе помогни кај болки во желудникот, мачнини и повраќање.

Чајот од нане е добар за исплакнување на устата, за здравје и подобар здив и може да го смири воспалението на забното месо. Главната состојка на нането е етерично масло кое во испитувањето мора да содржи најмалку 40% ментол. Нането ќе го освежи Вашиот простор, ќе ја отстрани непријатната миризба и ќе го олесни дишењето доколку сте настинати. Ако имате главоболка, намачкајте го челото и слепоочниците со масло од ментол, два пати во текот на денот, со лесни кружни движења. Во некое базно масло или во алкохол додадете 30 капки етерично масло од нане и масирајте ги заболените зглобови и мускули, и лесно масирајте ги проширените вени и капилари.

Во текот на жешките денови, чај од мента оставете добро да се олади, додадете мед по желба, малку сок од лимон, мраз и неколку добро измиени лисја нана. На тој начин ќе го хидрирате организмот, ќе му дадете вредни нутриенти од лимон и мед, и ќе внесете лековити состојки од нането.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...