Почетна / Здравје и исхрана / Масло од коноп

Масло од коноп

Порано тоа беше наречено божествено растение, а денес се смета за билка на иднината  – коноп.

Маслото од коноп денес е позната намирница која делува позитивно врз здравјето: маслото од коноп спречува болести на срце и крвните садови, ги ублажува предменструалните болки, ги елиминира тешкотиите кај мултипла склероза, рак, шизофренија и многу други болести.

Делува моќно врз работата на мозокот, растот и развитокот, го регулира метаболизмот, ја стимулира кожата, здравјето на коските и растот на косата.

Редовното конзуирање на маслото од коноп помага во подобрувањето и отстранувањето на следните здравствени проблеми:

  • Неуродерматитис
  • Предменструален синдром
  • Реуматичен артритис
  • Дијабетична невропатија
  • Болести на срцето и крвните садови
  • Спречува згрутчување на крвта
  • Спречува згрутчување на крвта
  • Хронично воспаление на мочниот меур
  • Псоријаза
  • Улцерозен колит

Маслото од коноп содржи осум есенцијални аминокиселини, витамин Б комплекс и витамин Е. Освен тоа, маслото од коноп содржи од 50 до 70 проценти линолна (Омега 6) масна киселина и од 15 до 25 проценти алфа-линолинска киселина која денес ја нарекуваат Омега 3 масна киселина.

Маслото можете да го користите во салати, чорби, во било кое јадење по желба, во кафе и во омилените десерти. Препорачана доза е до две лажички на ден.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...