Почетна / Совети за здравје / МАРОКАНСКО АРГАНОВО МАСЛО – СОВРШЕНО ЗА УБАВИНА И ЗДРАВЈЕ!

МАРОКАНСКО АРГАНОВО МАСЛО – СОВРШЕНО ЗА УБАВИНА И ЗДРАВЈЕ!

Арганово масло во Мароко веќе со столетија се користи за нега на кожата и косата, а неговите позитивни својства заслужни се за неговата се поголема популарност во останатите делови од светот.

Со оглед дека маслото пристигнува во главно од Мароко, маслото од Арган често го нарекуваме Мароканско масло.

Ова масло е богато со олеинска и линолна киселина, со каротен и витамин Е, а се добива од плодот на дрвото Argania spinosa, кое расте исклучиво во југозападно Мароко.

Арганово масло се уште се произведува на традиционален начин, а се проценува дека за еден литар масло треба да се вложи 20 часа работа и отприлика 100 килограми свежи плодови.

Арганово масло за коса   

Арганово масло се користи долго време во реномираните фризерски салони, што не е чудно со оглед дека маслото не само што успешно го враќа сјајот на оштетената коса туку и го забрзува растот и помага во отстранување на првут.

Арганово масло за лице и тело    

Редовното користење на арганово масло во негата на кожа има многубројни позитивни ефекти:

  • Ја подобрува цврстината и еластичноста на кожата
  • Спречува настанување на брчки
  • Ја намалува видливоста на лузните и лузните од акните
  • Погодно е за превенција при настанување стрии во бременоста
  • Се користи и за нега на кожата на новороденчињата
  • Погодно е за нега на сува, но и масна кожа бидејќи го регулира лачењето на себумот
  • смирува, регенерира и делува против воспалително
  • Се користи кај себореја, дерматитис и псоријаза

Арганово масло може да се користи во секојдневната нега, без оглед на типот на кожата.

Лековити својства

Освен во козметички, арганово масло се користи и во здравствени намени. Се препорачува да се земат две лажици арганово масло на ден, а неговите ефекти се следни:

  • Го намалува нивото на холестеролот и липидите
  • Го зајакнува одбранбениот систем на организмот
  • Силен е антиоксиданс
  • Помага кај сите воспалителни болести на кожата ( себореја, псоријаза, акни, неуродерматитис, алергиски дерматитис)
  • Ја стимулира циркулацијата
  • Го подобрува капацитетот на мозокот

 

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...