Почетна / Рецепти / Маринирани буковки на скара

Маринирани буковки на скара

Состојки: 500 грама Дариана буковки, 2 лажици мајкина душичка, 3 лажица маслиново масло, 1 лажица ѓумбир во прав, 2 чена лук, едно луто пиперче, 1 лажица мед

Исечкајте и измешајте ги сите состојки, освен мајкина душичка и буковките. Со направената маринада прелејте ги печурките и оставете ги да седат во маринадата 1–2 часа и повремено мешајте ги.

Максимално загрејте ја скарата и печете ги буковките 8-10 минути со долната страна свртена на горе и повремено полевајте ги со маринадата се додека не станат печени и меки.

Ставете ги печурките в садот за послужување. Прелејте ги со преостаната маринада и со сок кој ги имаат пуштено буковките додека се печеа. Наросете ги со мајкина душичка. Добар апетит!

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...