Почетна / Здравје и исхрана / Манго – одличен сојузник на нашето здравје

Манго – одличен сојузник на нашето здравје

Преубавиот вкус на манго не прави да уживаме во неговите благите залаци. Богато со витамини, минерали и влакна, кажуваат нутриционистите, ова овошје е одличен сојузник во војната за зачувување на здравото срце, видот, и силениот имунитет. 

Кралот на овошјето, како го нарекуваат мангото во некои краеви во светот, богат е со витамини. Само една шолја ароматични коцки со портокалова боја содржат 75% дневни дози за витамин Ц!

Токму тоа го прави мангото да биде одлична поддршка на имуниот систем, истакнуваат нутриционистите.

Познатиот антиоксиданс и борец за зачувување на видот, витаминот А, застапен е со околу 24% препорачана дневна доза.

Витаминот Б6, но и други витамини од Б комплексот, со кои обилуваат сочните плодови на овошјето кои доаѓаат од тропските краеви, го намалуваат ризикот од срцевите болести.

Спомнатите количества на манго ќе надоместат 10% од дневните потреби на телото за влакна, тука се и бакарот, магнезиумот и калиумот, минерали кои се корисни за човековиот метаболизам.

Изокварцетин, кварцетин, физетин и астрагалин само се некои од ензимите кои ги содржат овие портокалови – црвени или жолти плодови, благодарение на кој организмот посилно се бори со секојдневните предизвици кои доведуваат до развивање на болестите како што се рак на дебелото црево, дојка и простатата.

Поради сето тоа,стручњаците советуваат да се јаде што почесто свежиот манго. Сокот од мангото директно од соковникот, секако е одличен избор.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...