Почетна / Здравје и исхрана / Мандарина – овошје за студените денови

Мандарина – овошје за студените денови

За да го одбраниме имунитетот од настинките, организмот треба да го наполниме со енергија и витамини од свежото овошје.

Поред урамнотежената исхрана и физичката активност, потребен ни е и доволното внесување на сите потребни витамини и минерали, а токму за тоа најдобри се мандарините. Мандарините се полни со витамин Ц и бета-каротен, минерали и влакна. Во 100 грама мандарини има 30 милиграми ,витамин Ц, што е двоструко повеќе од портокал, а со разградбата на бета-каротен добиваме витамин А кои е важен за видот и убава кожа, Во мандарината има и фолна киселина, калиум, железо, магнезиум, витамини Б1, Б2 и Б3 и влакна кои се потребни за урамнотежената пробава. Од ова овошје нема да се здебелете затоа што во 100 грама има само 34 калории. Има својство на диуретик и помагаат во војната против целулит.

Утрински сок

Доколку во текот на работната недела бевте изложени на стрес, нередовна и неправилна исхрана Ви предлагаме викенд детоксикација на организмот со мирисните мандарини. Свежо исцедениот сок од мандарини совршен е избор за почетокот на денот. Содржи калиум, калциум, магнезиум, железо, цинк, и уште многу антиоксиданси.

Мирисот кој инспирира

Етерското масло на мандарината е со цитрусно освежителен мирис. Го зголемува апетитот, го активира варењето, ги релаксира мускулите, ја разбудува животната радост, инспирира. Се користи за мрсна кожа и кај појавувањето на акните.

Не ја фрлајте кората

Британските научници утврдиле дека состојката која се наоѓа во кората на мандарината може да ги уништи клетките на некои видови на канцер. Важно е да кората од мандарината не ја фрлате. Доколку се работи за непрскан плод, кората исечете ја на парчиња и сушете во заштитена просторија. Исушената кора на мандарина може во текот на долгите зимски денови да се додава во кекси, компоти и чаеви или во купки. Токму етерското масло добиено од кората на мандарината се користи во купките за опуштање, за отстранување на несоницата и за оштетена кожа. Етерското масло на мандарината има антисептично и својство да тонизира.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...