Почетна / Здравје и исхрана / Мандарина – овошје за студени денови

Мандарина – овошје за студени денови

За да се одбраниме од настинка, организам треба да го наполниме со енергија и витамини од свежото овошје.

Поред урамнотежена исхрана и физичка активност, потребен и доволен внесување на сите витамини и минерали, а за тоа се најдобри мандарините. Полни се со витамин Ц и бета каротен, минерали и влакна. Во 100 грама мандарини има 30 милиграми витамин Ц, што е дупло повеќе од портокал, а со разградувањето на бета каротен се добива витамин А кој е важен за добар вид и убава кожа. Во мандарините има и фолна киселина, калиум, железо, магнезиум, витамин Б1, Б2 и Б3 и влакна кои се неопходни за урамнотежена пробава. Од ова овошје нема да се здебелите бидејќи во 100 грама има само 34 калории. Поради диуретично својство помагаат во борба против целулит.

Сок за убав почеток на ден

Доколку во текот на работната недела бевте изложени на стрес, нередовна исхрана и доколку имавте тешкотии при варењето на храна, Ви предлагаме викенд детоксикација на организмот со мирисните мандарини. Свежо исцеден сок од мандарина совршен е избор за почеток на денот. Содржи калиум, калциум, магнезиум, фосфор, железо, цинк и бакар, и уште многу антиоксиданси.

Мирис кој инспирира

Етерското масло од мандарина е со цитусно, свеж мирис. Го зголемува апетитот, го активира варењето. Ги релаксира мускулите, ја разбудува животната радост, инспирира. Се користи за мрсна кожа и кај појава на акни и митесери.

Не ја фрлајте кората

Британските научници утврдија да состојка која е присутна во кората на мандарина може да ги уништи клетките на некои облици на канцер. Важно е да кората од мандарина не ја фрлате. Доколку се работи за не прскан плод, излупената кора сечкајте ја на помали парчиња и сушете ги во заштитена просторија. Осушената кора од мандарина може во текот на студените месеци да се додава во колачи, компоти, чаеви или во купки за закрепнување. Етерското масло се добива токму од кора на мандарина применува во купки за релаксација, и против несоница и за оштетена кожа. Етерското масло од мандарина има и антисептично делување

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...