Почетна / Совети за здравје / Малинките го чуваат срцето и ја чистат кожата

Малинките го чуваат срцето и ја чистат кожата

Елагенската киселина го стопира ширењето на клетките на рак, а како би се постигнала превентивната заштита од малигните заболувања секојдневно би требало да се изеди 130 грама од ова овошје.    

Малинката е ценета во целиот свет, како драгоцено овошје во прехранбената индустрија. Меѓутоа, малинката се повеќе го наоѓа своето место во медицината и во козметиката. Во себе содржи шеќери (гликоза, фруктоза, сахароза), органските киселини (елагинска, јаболкова, лимонска, салицилна) етерски масла, боени и танински материи, витамин Ц и Е Поради сето ова наведено, малинката во многу земји се користи во случај на дијареја и егземи, а екстрактот од плодот делува против вируси. Екстрактот исто така го активира панкреасот да го лачи инсулинот, поради што се намалува шеќерот во крвта.

Во последно време се повеќе се истражува делувањето на малинката врз малигните клетки, затоа што е востановено да елагинската киселина, која ја има во големи количини во семките на ова овошје го спречува ширењето на клетките на ракот. Во исто време спречува оштетување на ДНК и не делува на нормалните клетки кои се задолжени за имонолошката одбрана на организмот. Како би се постигнала превентивната заштита од малигните заболувања, секојдневно во организмот би требало да внесувате по 130 грама од ова овошје, советуваат стручњаците. Секако во терапевтска смисла не може да го замени лекот, но може да делува превентивно.

Од сушените плодови на малината можи да се подготви квалитетен витамински чај. За чајот треба да издвоите три лажици суви плодови од ова овошје, два децилитри млака вода, како и ванила, каранфилче и ѓумбир. Се подготвува така што сувите малинки  се ставаат во загреана вода и варат пет минути, а потоа се остава да поседи десетина минути.

Традиционалната медицина одамна препорачува да се јадат малинките, затоа што успешно ја намалуваат зголемената температура, го поттикнуваат потењето, ја чистат жолчката, поттикнуваат исфрлување на песокот од бубрезите, го зајакнуваат имунитетот и срцето и ја нормализираат крвната слика.

Во козметичката смисла, плодот е посебно делотворен кај мрсната кожа, а со додатокот на соодветните билни масла се користи за сува,осетлива, зрела и оштетена кожа. Богатството со витамин Ц и елегинската киселина, обезбедува хемиски и механички пилинг, а служи и како средство за избелување.

За ефикасна масажа потребни се свежи малини, при што сите плодови треба да бидат спакуван во пластична кеса. Се топат непосредно пред употребата на собната температура и добро изгмечени со дрвен предмет за да се добие компактна маса.

Во текот на масажата семките на малината механички ги отстрануваат изумрените клетки. За да доживувањето биде потполно, просторијата за масажа може да се декорира со миризливи свеќи со екстракт од малина. Мирисот на малинаа е битен затоа што делува смирувачки на целиот организам и ја отстранува нервозата. На преморениот организам му враќа енергија и го забрзува закрепнувањето од уморот. После масажата на кожата се става пакување од изгмечената малина со додаток од неколку капки билно масло и се остава да поседи уште 20 минути.

Чај од лист на малина исто така се користи за исплакнување на устата која е под воспаление и за воспалено грло. Овој чај е делотворен и за запирање на пролив, а добар е и како замена за индиски, грузиски и руски чај.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...