Почетна / Здравје и исхрана / Малата семка афион богата со минерали

Малата семка афион богата со минерали

Дали имате омилен производ со афион? Домашната штрудла со афион на баба или мама?            

Афионот може да се купи во секоја продавница, а еве и неколку причини поради кои треба да го воведеме во менито. Афионот се користи во хуманата исхрана, содржи големо количество на антиоксидативни материи кои пред се имаат превентивно делување кога се во прашање воспаленија и  болести, но и малигните заболувања на сите ткива во организмот.

Афионот е намирница која ја сакаат сите, има карактеристичен вкус, но и хемиски состав. Во малото црно зрно на афионот се наоѓа големо количество на минерали. Афионот содржи јод, манган, магнезиум, цинк и бакар. Содржи и тиамин, рибофловин, лецитин, оксални киселини и амфорни алкалоиди. Содржи и ензими кои го подобруваат работењето на гастроинтестиналниот тракт, варење и стимулира исфрлување на крајните продукти на метаболизмот на храната.

Афион, иако може да не делува така, содржи многу масни киселини. Омега 3 масни киселини кои се наоѓаат во афионот, на нашиот организам му даваат многу добри работи, ги превенира заболувањата, го стимулира имунолошкиот одбранбен систем. Афион содржи јаглени хидрати кои на организмот му даваат сила и енергија која ни е потребна за извршување на секојдневните активности.

Афионот содржи солидни количества на железо, цинк, бакар, калиум и магнезиум. Магнезиумот е минерал кој во човечкиот организам е повеќе од потребен затоа што учествува во создавањето на супероксид дисмутаз, силен антиоксиданс. Бакар кој го содржи афионот го регулира создавање на ертитроцити. Цинкот ги ускладува ензимите кои ги контролираат создавање на спермата. Калиумот кој се наоѓа во афионот е битен за контролата на работата на срцето и превенцијата на кардиоваскуларениот систем.

Сувата семка на афионот често ја користиме затоа што содржи мали количества на опиумски алкалоиди како што се морфини, кодеин, папаверин. Овие материи, доколку се внесуваат како храна имаат слабо делување на човечкиот нервни систем. Многу луѓе се загрижени за тоа дали афионот може да има некои неповолни последици, но афионот има само добри ефекти, го смирува нервниот систем и со самото тоа ги намалува болките и одличен е како природен лек против кашлица.

Проверете и

Зошто е корисен AlphaSorb-C од Now Foods?

Зошто е корисен AlphaSorb-C од Now Foods? Има антиоксидативна заштита Брза апсорпција на Витамин Ц ...