Почетна / Фитнес и аеробик / Македонецот Здравко Дејановиќ се искачи на врвот Анапурна

Македонецот Здравко Дејановиќ се искачи на врвот Анапурна

Македонецот Здравко Дејановиќ се искачи на врвот Анапурна 1 на Хималаите висок 8.091 метар, кој се смета за еден од најсмртоносните и најопасни врвови за искачување. Дејановиќ врвот го искачил на 24 март годинава во 14.45 часот по локално време. На врвот Анапурна 1 досега се забележани само 192 искачувања од планинарски експедиции.

Ова е огромен успех за македонското планинарство. Здравко Дејановиќ со ова стана прв и единствен Македонец кој до сега има искачено три врва над 8000 метра, а со ланското искачување на К2 и овогодишното на Аннапурна 1, како и со претходно искачениот Монт Еверест, до денес е нашиот најуспешен ХИМАЛАЕЦ, чии успеси полека влегуваат и како врвни, светски достигнувања во Хималаизмот, се истакнува во соопштението.

dbwqjekrnklwetm

Алпинецот, на 49 годишна возраст, со смрзнатини на прстите на десната рака од четврти степен, смрзнатини на прстите на левата рака од први степен, како и смрзнатини на прстите на нозете од прв степен ги добил на 24-ти март 2015 год. при својот алпинистички поход. Смрзнатината е здобиена кога ја извадил ракавицата од својата десна рака како би го поставил Македонското знаме на освоениот врв. Исто така ја поминал ноќта на висина од 7400 м. Не примал никакви лекарства четири дена и се јавил во клиника во Катманду на 28 Март 2015 год.

Пациентот е примен на преглед во Neuromedica на 1-ви април, веднаш по  слетувањето на аеродромот во Скопје. Применети се сите современи мерки за локален третман и ординирана терапија. Пациентот го продолжува своето лекување во Neuromedica кое е во целост е покриено и овозможено од менаџментот и Директорот Д-р Емил Угриновски. За него се грижи Прим. Д-р Добрила Андоновска специјалист по пластична и реконструктивна хирургија. Тимот на Neuromedica ќе стори се за да му помогне на овој врвен македонски спортист да оздрави и се врати во форма што поскоро.

www.neuromedica.com.mk

Проверете и

Што треба да се јаде пред и после вежбање

Доколку внимаваме на тежината и оджување на витката линија, некогаш исклучивото практикување на редовна физичка ...