Почетна / Рецепти / Макарони со тиквички, домати и пиперки

Макарони со тиквички, домати и пиперки

Тиквичките даваат посебна свежина на ова јадење и секако дека треба да го испробате овој рецепт.

Состојќи:  

  • 350 грама макарони
  • 2 лажици маслиново масло
  • 450 грама тиквички, излупени, исечени
  • 3 чешниња лук, ситно исечкан
  • 1 свежа пиперка, ситно исечкана
  • 400 грама домат, ситно исечкан
  • 2 лажици свеж сок од лимон
  • ½ шолја исечкан свеж магдонос
  • 30 грама ситно изрендан пармезан

Подготовка:

  1. Варете ги макароните во тенџере со зовриена вода со додаток на сол. Исцедете ги и вратете ги во тавчето.
  2. Во меѓувреме, стоплете го маслото во тавчето на поголема температура.
  3. Додадете ги тиквичките, лукот, пиперката и зачинете ги со сол и црн пипер.
  4. Варете ги тиквичките 3 минути се дури не ја добијат светло златна боја.
  5. Додадете го доматот, сокот од лимон и варете 2 минути со постојано мешање.
  6. Во таа смеса додадете магдонос и пармезан а потоа измешајте ги со макароните.
  7. Сето ова ставете во чинија и служете.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...