Почетна / Совети за здравје / Магнезиумот го намалува ризикот од мозочниот удар

Магнезиумот го намалува ризикот од мозочниот удар

Луѓето кои јадат храна богата со магнезиум, како што е зелениот зеленчук, јатките и гравот поретко стануваат жртви од мозочниот удар, покажале меѓународните студии во кои биле вклучени 250 000 луѓе.       

Истражувањата од седум студии сумирани во ″Американскиот журнал на клиничката исхрана″ укажуваат на важноста за внесувањето на магнезиумот во исхраната, како и на врската со мозочниот удар.

Ваквиот резултат е уште едно потврдување за важноста на здравата исхрана која вклучува зелен зеленчук, посебно лиснат зеленчук, јатките, гравот и интегралните житарки.

Седумте студии кои биле објавени во текот на претходните 14 години, вклучиле околу 250000 луѓе од Америка, Европа и Азија, кои биле набљудувани во просек околу 10 години.
Готово 6.500 луѓе, што е околу три проценти, имало во тој период мозочен удар. Според процените, дополнителните 100 милиграми на магнезиум на дневниот ниво го намалува ризикот од мозочниот удар за девет проценти.

Просечното внесување на магнезиумот за Американците е 242 милиграми на ден, додека здравствените организации препорачуваат 420 милиграми за мажи и 320 милиграми за жени.

Иако голем број на студиите ги вклучуваат и другите фактори, како што е и семејната историја на болеста, авторите на истражувањата сепак го обрнаа вниманието дека е ова тема која мора да биде дополнително истражувана и дека не е потполно сигурна дека магнезиумот, а не некој друг елемент на исхраната е тој кој го намалува ризикот.

 

Проверете и

Јагодите се убавина и здравје

Јагоди – здравствени придобивки Јагодите се богати со витамин Ц, каротен, фолна киселина и железо. ...