Почетна / Здравје и исхрана / Магдонос, зеленчук кој лекува

Магдонос, зеленчук кој лекува

Магдоносот е лек за смирување на нервите, ги намалува болките, ја чисти крвта, ја запира грозницата, болести на бубрезите, воспаление на очите, болестите на мочните патишта но исто така е вкусен зачин во јадењето.

Магдоносот се користи уште од времето на старите Грци и Римското царство. Потекнува од Блискиот исток, оттаму се раширил по цела Европа, а првите колонисти го однесоа во Америка. Постои повеќе врсти на магдонос, но поделбата би можела да се направи врз основа на тоа дали се одгледува за добивање на корен или лисја. Можеме да го одгледуваме и во домот, и на тој начин секогаш би имале свежи лисја магдонос, но исто така би имале многу декоративен детаљ во кујната. Се што е потребно е да се обезбеди подлабока саксија и место каде што има доволно светлина. Како и сите билки, се препорачува да се користи свеж, посебно доколку се зема поради лековитоста. Како зачин, веќе се користи исушен и ситно исечкан лист на магдонос, а поретко коренот.

Извор на витамини и минерали – после шипката и боровинка, во листот на магдонос има најмногу витамин Ц: во 100 грама дури 170 милиграми витамини. Богат е со провитамин А, со витамините од Б група, и дури со реткиот витамин Б12 кој е значаен за создавање на црвените крвни зрнца. Поред витамини, многу голема улога играат и минералите. Го спречуваат надуеноста на стомакот, ги смирува грчевите и делува против варењето во цревата. Ја регулира менструацијата. Не смее да се употребува кај воспаленија и  процеси кај бубрезите. Листот на магдонос делува и како средство кое поттикнува исфрлување на штетните материи од организмот, а поволно влијае и на циркулацијата и на срцевите нарушувања.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...