Почетна / Здравје и исхрана / Maca, чудесно растение за плодност…

Maca, чудесно растение за плодност…

Maca (Lepidium meyenii) е коренеста билка која потекнува од врвовите на Андите во Перу. Расте во едни од најсуровите услови на малку предели во светот во екстремни услови како температури на замрзнување, силни ветрови и интензивна сончева светлина.

Често почвата во која расте е богата со вулкански материјали. Мака е е единственото растение кое може да расте на толку големи височини и на такви екстремни услови. Повеќе од два милениума , Перуанците го користеле коренот од Мака како храна и за медицински услови како подобрување на издржливоста, зголемување на енергијата, виталноста и сексуалната енергија.
За Мака во борбата за зголемување на плодноста се зборува со векови. Во 1500тите години, откако Шпанските освојувачи ја освоиле Јужна Америка, Шпанците започнале да искусуваат влошени здравствени услови, неплодност а исто така и нивната стока. Ова се појавило поради големите надморски височини на Андите. Домородните Перуанци им предложиле на Шпанците да го хранат својот добиток но и самите да започнат да консумираат Мака. Резултатите било толку драматични и резултирале со севкупно подобрено здравје на освојувачите што за овој период постојат можеби и првите записи за лековитата моќ на Мака.

Како делува Мака?

Maкa коренот е адаптогено растение кое во броји истражувања се покажало дека помага при подобрување на плодноста кај мажите и жените. Во својот состав има 31 различни минерали и 60 различни фитонутриенти, Мака е билка која го зајакнува ендокриниот систем (како и жлездите кои имаат големо влијание врз хормоналниот баланс). Мака е доста истражувана во полето на зголемувањето на плодноста уште од 1961 година и е потврдено дека содржи состојки нареено глукосинолату кои може да влијаат врз плодноста и кај мажите и кај жените. Овие алкалоиди се одговорни за способноста на Мака да го поддржи хормоналниот баланс.

Бенефити од користењето на Мака:

  • Го поддржува нормалниот хормонален баланс
  • Го подогнува нивото на енергија и ментална бистрина
  • Ја поддржува тироидната жлезда
  • Ја поддржува нормалната сексуална функција

Адаптоген
Maка исто така поседува својства на адаптоген кои воедно значат дека помагаат при зајакнување на телото со цел да биде поотпорно на стрес и болести, ги поддржува адреналните жлезди во нивното нормално функционирање и обезбедува баланс во функционирањето на телото.  Со цел едно растение да се класифицира како адаптоген треба да не е токсично или пак штетно на било кој орган од телото и мора да е соодветно за консумација подолг временски период без притоа да предизвика било какви штетни последици. Мака се класифицира како адаптоген.
Тоник за ендикриониот систем
Една од основните функционалности на Мака е да го стимулира хипоталмусот која ја регулира хипофиззата делувајќи како тоник за хормоналниот систем. Кога хипофизата функционира оптимално целиот ендокрин систем функционира балансирано затоа што хипофизата ги контролира адреналните жлезди, тироидната жлезда и репродуктивните органи (тестисите и простата кај мажите и јајниците и матката кај жените) .

Поттикнува хормонален баланс

Кај жените, мака помага во телот да се промовираат балансирани нивоа на естроген и прогестерон. Естрогенските или прогестеронските нивоа кои се ниски или високи во погрешно време може да ја спречуваат жената да стане бремена. Големите нвоа на естроген пак може да предизвикаат прогестеронските нивоа да станат многу ниски што се нарекува и уште доминација на естрогенот. Со консумирање на Мака може да се балансира соодносот на естрогенот и прогестеронот кој е предуслов за постигнување и одржување на здрава и безбедна бременост.

Преголеми нивоа на естроген кај мажите може да шредизвикаат еректилна дисфункција, низок број на спрематозоиди и ниска продукција на семена тешност. Со Мака се помага да се зголеми либидото и здравјето на спермата.

Ја поддржува нормалната сексуална функција
Во едно страѓување на испитаници им било дадено да консумираат Мака за период од 4 месеци. Истражувањето резултирало со зголемено либидо, подвижност, бројност на спермата, зголемени нивоа на DHEA, намалени нивоа на анксиозност и стрес и снижување на крвниот притисок.


Производот е достапен за онлајн нарачка на следниот ЛИНК

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...