Почетна / Совети за здравје / ЛУЃЕТО СО ДОБРО СРЦЕ ЖИВЕАТ ПОДОЛГО, А ПОЗИТИВНАТА МИСЛА ПОЗИТИВНО ВЛИЈАЕ НА ЗДРАВЈЕТО

ЛУЃЕТО СО ДОБРО СРЦЕ ЖИВЕАТ ПОДОЛГО, А ПОЗИТИВНАТА МИСЛА ПОЗИТИВНО ВЛИЈАЕ НА ЗДРАВЈЕТО

Луѓето со добро срце живеат најдолго, а тоа е сега и научно потврден факт! Студиите кои биле спроведени во Американскиот Универзитет Duke каде што докторите ги надгледувале повеќе од 2000 луѓе докажале дека смртноста од срцевите тегоби помеѓу оние кои не се надевале дека имаат добро здравје е 24% поголема отколку кај оние луѓето кои иднината ја гледаат позитивно без оглед на проблемите.

Луѓе кои позитивно размислуваат воедно се и помалку тажни или депресивни, што значи дека е поголема веројатност дека повеќе се движат, јадат здрава храна и повеќе внимаваат кои и какви лекарства консумираат и дали ги земаат на време. Сето ова влијае на намалениот ризик од срцевите заболувања, но и од други заболувања. На пример луѓе кои се позитивни и во стресни ситуации имаат помалку шанси во староста да им се случи мозочен удар.

Оптимистичните луѓе имаат и подобра крвна слика. Триглицеридите им се пониски, а здравиот холестерол кај веселите луѓе е поголем дури за четири пати од оние луѓе кои се постојано нерасположен. Исто така, целиот имунолошки систем како да зависи од позитивните мисли – оној кој умее да биде сретен и задоволен, полесно и поуспешно се бори со бактериите и вирусите кои редовно го напаѓаат телото.

Моќта на позитивното размислување

Позитивното размислување е душевна состојба, кога личноста е исполнета со ведро расположение, оптимизам. Оние кои размислуваат позитивно исполнети се со животната радост и вера во иднината. Луѓе со ведриот дух го гледаат животот од поубавата страна верувајќи дека секој проблем може да се совлада.

Колку пати сме слушнале дека некоја друга личност може да не усреќи. А среќата во суштина е во нас. Доколку сме убедени во исправноста на нашите мисли, во нас се раѓаат позитивни чувства. За позитивните состојби на умот се спроведени голем број на истражувања. Таквите состојби создаваат чувство на благосостојба кој е повеќекратно благотворна за нашето здравје. Позитивното размислување може да го смени нашиот живот.

Затоа почнете да размислувате позитивно, научете да ја препознаете добрата прилика во секој проблем, а кога ненадејно ќе Ви се случи среќа, немојте само во неа само да уживате туку потрудете се да разберете како тоа Ви се случило, за да тоа го повторувате секој ден.

Проверете и

Јагодите се убавина и здравје

Јагоди – здравствени придобивки Јагодите се богати со витамин Ц, каротен, фолна киселина и железо. ...