Почетна / Здравје и исхрана / ЛУБЕНИЦА – ИЗВОР НА ВИТАМИНИ И ОСВЕЖУВАЊЕ ВО ЖЕШКИТЕ ДЕНОВИ

ЛУБЕНИЦА – ИЗВОР НА ВИТАМИНИ И ОСВЕЖУВАЊЕ ВО ЖЕШКИТЕ ДЕНОВИ

Сите оние кои внимаваат на исхраната, а сакаат вкусно освежување во жешките денови можат без грижа на совест да уживаат во лубеницата. Освен што е вкусна и освежителна, лубеница е богата со хранливи материи. Можеби не сте знаеле, лубеницата е во сродство со краставици, тиквички и тикви па според тоа лубеница припаѓа во зеленчук без оглед што има благ вкус.

Лубеница го штити срцето и преставува природен регулатор на крвниот притисок. Со воведувањето на лубеницата во секојдневната исхрана се потикнува работењето на кардиоваскуларен систем и имунитетот,се отстранува вишокот на маснотии, го подобрува работењето на бубрезите, односно благотворно делува на целокупен организам. Лубеница е богата со витамини, А, Ц, Б6 и Б1, ликопен, бетакаротен, магнезиум и калиум.

Освен што е антиоксиданс, витамин Ц и витамин Б6 го штитат срцето, а Б1 ни дава дополнителна енергија. Магнезиум и калиум делуваат да се воспостави рамнотежа на крвниот притисок. Ликопен и бета каротен, кои на лубеницата и даваат убава црвена боја, позитивно делуваат на здравјето на кардиоваскуларен систем, а најновите изтражувања покажуваат дека ликопен го подобруваат здравјето и цврстината на коските.

Поради големо количество на вода, а малиот процент на калории – лубеница содржи 90% вода и идеална е за личности кои сакаат да ја намалат телесната тежина и да го исчистат телото од штетните материи. Ова придонесува да се исчисти целото тело и бубрезите.

Сок од лубеница е одличен за кожата. Како што старееме така нашата кожа го губи колагенот кој е главна причина што нашата кожа добива брчки, а лубеница е вистински извор на бета каротен и помага да се неутрализира штетата.

180 грама лубеница ќе задоволи околу 20% дневни потреби за витамин Ц кој помага во изградба и одржувањето на колаген кој е главен структурен протеин во кожата.

 

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...