Почетна / Здравје и исхрана / Ловоров лист – зачин и лек

Ловоров лист – зачин и лек

Ловор (Laurus nobilis) како зачин, како лек, или како венец од секогаш бил незаобиколен во животот на луѓето. Гранчињата од ова медитеранско дрво со карактеристични лисја биле знак за најголемата чест и слава уште во античкото време. Венецот од ловор кој ги украсувал главите на победниците во олимпијадата потекнува уште од Питиските игри во старата Грчка, која датира уште од 568. година пред Христос, а посветени се на богот Аполон.

Легендата кажува дека дрвото на ловор се појавило на земјата поради невозвратната љубов. Аполон, грчкиот бог на сонцето, ја сакал убавата Дафне, но таа не го сакала него и еден ден, додека ја набљудувал во падините на планината Парнас, Дафне го замолила незиниот татко да ја претвори во нешто, било што, само да не биде љубовница на Аполон. Незиниот татко ја повикал на помош божицата на земјата Геа, која ја претворила Дафне во стебло на ловор. Аполон долго време тагувал поради неостварената љубов а ловорот е дрво кое е посветена на него и ја симболизира мудроста и славата. Во Грција главите на олимписките победници биле украсувани со венецот од ловор, додека обичајот да се главите на хероите, поетите и победниците крунисуваат со венец од ловор, датира уште од латинската култура и овој обичај се задржал до денес. Главите на многу луѓе кои ја пишувале историјата на светот биле овенчани со венци од ловор.

Многу слики и скулптури прикажуваат луѓе кои на главите имаат венец од ловор, во уметноста има силна симболика на успех, победа, јунаштво и ученост.

Ловорот е зимзелена, мирисна, типично медитеранска билка, која потекнува од Мала Азија. Може да ја достигне висината од 8 метри, цвета во текот на март и април, листот може да се бере преку цела година но најдобар период за берба е кон крајот на зимата. Најмногу се користи како зачинска билка во кујната и може да се корист и свеж и сув.

Во нашата кујна просто е незамисливо да подгответе сарма, зелка или манџа, а да не се додаде ловоров лист, а многу домаќинки го додаваат и во супите. Ловорот го стимулира варењето, го подобрава апетитот, добар е за искашлување и има антиреуматско и антисептично делување.

Како природен лек против реуматски болки се користи етерично масло од ловор кое можете да го ставите во обично масло, две три капки етерично масло од ловор ставете во пола литар топла вода и ова ќе биде одлично за инхалација. Против умор, за релаксација, доволно е да додадете неколку капки од ова масло во када.

Поради неговото антисептично делување, ловор е одличен против потење на нозете, потребно е само да сварете неколку листови ловор во вода со која покасно се мијат нозете. Ова можат да го користат и луѓе кои имаат проблеми со потењето на рацете. Во некои земји водата во која се имаат варено листовите на ловор или етерското масло од ова билка се користи за кожни болести па дури и како народен лек за псоријаза.

Етеричното масло од ловор се корист  во индустријата како додаток на детергентите, козметичките производи, производи за личната хигиена но и во средствата за после бричење. Поред тоа што има широка примена во индустријата, како народен лек и во кујната, ловорот е одлично средство за одбрана од молците. Гранките со осушените листови на ловор слободно можете да ги држите помеѓу работите кои можат да бидат нападнати од молци.

Проверете и

Зошто е корисен AlphaSorb-C од Now Foods?

Зошто е корисен AlphaSorb-C од Now Foods? Има антиоксидативна заштита Брза апсорпција на Витамин Ц ...