Почетна / Совети за здравје / ЛОКАЛЕН ТРЕТМАН НА ИЗГОРЕНИЦИ

ЛОКАЛЕН ТРЕТМАН НА ИЗГОРЕНИЦИ

На оваа тема пишува Прим. Д-р. Добрила Андоновска специјалист магистер по пластична и реконстуктивна хирургија. Високо образование и специјализацијата ги завршила во Р. Македонија, додека други бројни доусовршувања, обуки и доедукации ги стекнала во Велика Британија, Франција, Бугаријa, Словенија и Хрватска. Автор е на над 100 публицирани научни трудови од областа на пластична и реконстуктивна хирургија во земјата и странство. Прим. Д-р. Добрила Андоновска има над 30 годишно работно искуство во областа на пластична и реконстуктивна хирургија како доктор специјалист и академско искуство како универзитетски предавач, а моментално е носител на дејноста специјалист по Пластична и реконстуктивна хирургија во Полиликлиника НЕУРОМЕДИКА.

Прим. Д-р. Добрила Андоновска е дел од врвниот тим на Поликлиника Неуромедика. Неуромедика е прва приватна поликлиника во Р.Македонија која успешно работи веќе 23 години. Таа им овозможува примарна и секундарна здравствена заштита на своите пациенти во своите 7 поликлиники. Поликлиничко-дијагностичката дејност е лоцирана на две локации во Скопје (Центар и Влае), Поликлиничко – дијагностички центар во Битола, Поликлиничко – дијагностички центар во Тетово, Поликлиничко – дијагностички центар во Куманово, Поликлинички центар во Штип и Дијагностички центар во Кукуш-Грција со ординации од општа пракса и специјалисти од сите области. Неуромедика има повеќе од 100 вработени лица со високо стручна подготовка: лекари специјалисти и супспецијалисти од различни области, лекари општа пракса, медицински сестри, менаџерски тим и дополнителна администрација.

Изгорениците претставуваат еден од најтешките видови на траума. Тежината на општата реакција на организмот при екстензивни изгореници како и локалната реакција на ткивото при ограничените изгореници често резултираат со компликации кои водат до смртен исход или до трајни естетски и функционални пореметувања со последователен инвалидитет.

Целите на третманот на изгореници се следни: превенција и третман на шок, превенција на бактериската инфекција, конверзија на една отворена рана во затворена, одржување и сочувување на изгледот и функцијата, менталната и емоционална стабилност на пациентот, а крајна цел секако е скратена хоспитализација и намалена смртност.

Современото лекување на изгорениците бара: познавање на патогенезата на изгорениците и решавање на актуелните проблеми во флуидотерапија и бактериска инфекција. Исто така, современото лекување се базира на: применување на нови формули во дозирање на течности и примена на современи методи во локалниот третман, што подразбира примена на кожни заместители и примена на антибактериски и други современи преврски.

Во патогенезата на изгорениците постојат клучни инсулти на ткивно оштетување, тие може да бидат иницијални и одложени. Иницијалните оштетувања се предизвикани од дејството на термичкиот агенс, дејството на инфламаторно индуцираната траума и исхемијата. Одложеното ткивно оштетување се должи на постоењето на продолжената инфламација, екцесивна протеолоитична активност во изгоретинската рана и екцесното ослободување на оксидакси.

Се поставува прашањето, како да се превенира одложеното ткивно оштетување?

Одговорот лежи во препокривањето односно конверзијата на една отворена во затворена рана со апликација на адхерентна мембрана или кожен заместител со што се намалува степенот на површинската инфламација и се превенира површинската ексудација. Кожните заместители може да бидат трајни и времени, потоа епидермални, дермални и композитни, исто така биолошки и синтетски односно алопластични. Синтетските кожни заместители се делат на: синтетски биламинати и колагено базирани композити.

Во современите трендови за лекување на изгорениците и понатаму останува актуелен проблемот на бактериската инфекција, што води кон секојдневно воведување на нови методи за нејзино превенирање и сузбивање. Најголемо значење во современото лекување има примената на антибактериски препарати и преврски кои содржат сребро: Aquacel Ag, Argalaes, Calgitron, Silverlon и тн.

Механизмот на дејство е следен: во допир со ексудатот, преврската ги апсорбира течностите, формирајќи гел и ослобоува сребрени јони. Се смета дека биолошкото дејство на сребрените јони се должи на својството да ги денатурира протеините вклужително DNA и RNA, инхибирајќи ја клеточната репликација. Сребрените јони покажуваат особена антимикробна активност кон: Pseudomonas aeruginosa, MRSA (Meticilin-resistant Staphylococcus aureus), VRE (Vancomycin-resistant Enterococcus) и тн.

 

neuromedika logo new

Антибактериските сребрени преврски се аплицираат третиот ден по настанувањето на изгореницата после клинички видливи знаци на инфекција настаната кај дермални изгореници или после извршена рана тангенцијална екцизија кај субдермални изгореници. Над ваквата преврска се поставува секундарна хидроколоидна преврска, санитетски материјал или фолија.

Современиот локален третман на изгореници подразбира употреба и да други видови на преврски како: хидроколоиди (Granuflex, Comfeel), пени (Lyofoam, Allevyn, Trufoam), хидрополимери (Tielle), алгинати (Kaltostat, Algisite M), хидрофибер (Aquacel), комбинирани преврски (Versiva, Combiderm, Carboflex) и преврски со капиларна активност (Drawtex, Vibran RCD).

Неуромедика располага со најсовремени препарати за третман на изгореници, но она што е од најголемо значење е едукацијата и искуството на хируршкиот тим во решавањето на сите проблеми кои ги карактеризираат изгорениците. Ваквиот професионален пристап резултира со минимизирање на секвелите од изгорениците, што секако е крајна цел на лекувањето.

Прим. Д-р. Добрила Андоновска извршува прегледи, поставува дијагноза и извршува хирушки интервенции со најсовремена медицинска апаратура. Закажете преглед на телефонскиот број: 02/2 042-323 www.neuromedica.com.mk

dobrila-andonovska-fb2349vnr123

 

 

 

 

 

 

 

Прим. Д-р. Добрила Андоновска

Специјалист по пластична и реконстуктивна хирургија

Поликлиника НЕУРОМЕДИКА

www.neuromedica.com.mk

https://www.facebook.com/PZUNeuromedica

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...