Почетна / Здравје и исхрана / ЛОБОДА (Antripex hortensis) – БЕСПЛАТНА ЗДРАВА ХРАНА СКРИЕНА ВО ЛИВАДИТЕ!

ЛОБОДА (Antripex hortensis) – БЕСПЛАТНА ЗДРАВА ХРАНА СКРИЕНА ВО ЛИВАДИТЕ!

Оптималното здравје можете да го постигнете само доколку живеете во сојуз со природата. Билките не се само бесплатна храна, туку можат да послужат како бесплатен природен лек. Затоа зграпчете ја кошничката, излезете во природа и побарајте ја скриената лобода која преставува вистинско богатство за Вашето здравје!

Лобода (Antripex hortensis) е едногодишна билка која потекнува од Кавказ, од каде се проширила во целата Европа и северна Америка. Расте во ливадите, покрај реките и патишта.

Според семките кои биле најдени во гробниците, се доаѓа до сознание дека лободата се користела во Египет уште во времето на фараоните. Се користат младите листови, околу 30 дена по сеидбата, или целиот надземен дел од билката во фазата на котиледон. Овој вториот начини, во последно време најмногу е распространет во Франција, Белгија, Холандија, Шведска, Данска и Англија.

Богата е со витамин А, витамин Ц, калциум, железо, може да се најде и во доцната есен и многу е ценета.

Совршено се согласува со супите, сосовите, манџите, салатите и сендвичите. Можете да ја јадете сурова и термички обработена а доколку досега не сте ја вкусиле лободата, топло Ви препорачуваме тоа што побргу да го направите.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...