Почетна / Совети за здравје / Липа – отстранува нервоза и несоница

Липа – отстранува нервоза и несоница

Цветот содржи танини, етерското масло, хетерозиди, шеќер, восок, ментол, тартарат… а се користи против настинка, хроничната кашлица и грчеви, како и за зацелувањето на изгорениците и раните.   

Божествениот мирис на липата (Tilia platyphillos) никаде не се доживува како кај словенскиот народ. Можеби и затоа што липата кај старите Словени беше свето дрво. Во липовите шуми, тие живееја, под липите изведуваа обреди и на липата и принесуваа жртва како на врвното божество. Со преоѓањето од паганството во христијанството, боговите се заменети, но обожувањето и понатаму останало. Многу потомци од старите Словени и денес стават гранчиња липа во кровот на нивните куќи или станот како би биле заштитени од огнот. Постои и верувањето дека липата чува о злото и урокот.   Ова раскошно дрво расти во брдските шуми во цела Европа.

Во нашите краеви расти бела или сребрена липа(Tilia tomentosa), големолисна (Tilia grandiphilia) и ситнолисна липа (Tilia parvifolia). Липата е листопадно дрво со голема и густа крошна која расти во висина и до 30 метри. Сака питома, плодна и длабока земја. Доколку ќе се најде на идеална почва може да доживее и длабока старост, од повеќе стотина години.
Цути две до три недели, а некогаш ќе се случи да цутењето помини и за пет до шест дена. Цветовите се жолто бели, со благ и пријатен мирис, додека вкусот им е благ и помалку горчлив. Во цветот и листот има витамин Ц во големи количини, поради што туку што отворениот лист може да се користи како зеленчук.

Липата треба да се бери штом ќе почне да цути, односно кога две третини од цветовите во цветењето се расцутиле, затоа што расцутената липа нема никаква вредност. Треба да водите сметка цветовите да ги берете по суво и убаво време. Цветот на липата е исклучително вреден затоа што содржи танини, етерско масло, хетерозиди, шеќер, восок, ментол, тартарат … Набраните цветови се сушат во ладно и прозрачно место. Важно е да со сушењето, цветовите ги задржат своите природни бои и пријатниот мирис.

Цветот на липата најчесто се користи во облик на чај, против потењето, грчевите и за смирување на болките. Кај зголемената температура, грипот и настинка се смета за најважен народен лек во терапијата. Се користи против настинка, хронична кашлица и пролив, како и за зацелување на изгорениците и раните, и помага на иритирана и оштетена слузокожа. Исто така, чајот од липа ги отстранува болките при мокрењето, уморот, како и за смирување на нервната напнатост. Во суштина цветот на липата преставува најомилен чај кај народот.

На нервозните луѓе кои се склони кон стресот и луѓе кои тешко заспиваат, чај од липа се препорачува како секојдневна напивка. Чајот од липа припаѓа на билните чаеви за кои нема ограничување во консумирањето и можат да го пијат и децата. Тој е благ релаксант, посебно ефикасен против нервната напнатост.

За опуштење не мора само да се пие туку може и да се додаде и во водата за капење. Голем број на жени липата ја користат за време на менопаузата за да ја намалат нервозата и проблемите со спиењето. Чајот со додаток на липов мед поволно делува во спречувањето на артериосклероза, воспаление на вените, ангина пекторис, инфаркт …

ЧАЈ ОД ЛИПА     
Правилната подготовка на чајот од липа подразбира да се една до две лажици од осушениот цвет попари со шолја зовриена вода и да се остави поклопено да поседи пет до десет минути. Потоа се процедува и пие. Пожелно е да се во текот на денот пие по шолја, што е можно потопол чај. Меѓутоа треба да водите сметка да не се претера во консумацијата, затоа што преголеми количества можат да предизвикаат срцеви тегоби. Кој редовно пие чај од цветот на липа измешан со лажица мед, не треба да се плаши од воспаление на белите дробови или душникот.

ПРОТИВ ХИПЕРТЕНЗИЈА И СОЗДАВАЊЕ НА ТРОМБ    
Липата благотворно делува на кардиоваскуларен систем, посебно кај хипертензијата бидејќи го намалува покачениот крвен притисок. Британските истражувања покажаа дека цветот на липа ги исцелува и зајакнува ѕидовите на крвните садови, дури и ако се работи за проширени вени. Исто така поволно делува и на самата крв и спречува згрутчување на крвта.Делува против затнување на срцевите артерии кои го снабдуваат срцето со крв. На тој начин се намалува и ризикот од срцевиот удар.

Меѓутоа, личностите кои пијат лекарства против создавање на тромб или за намалување на крвниот притисок, како и други лекарства за срцето, треба да бидат внимателни при консумацијата на чајот од липа, затоа што може дополнително да го засили нивното делување.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...