Лимон

Во традиционалната медицина, лимонот отсекогаш се користел заради лековитите својства, на најразлични начини. Старите римјани го користеле како лек за различни видови на труење.

Хранливите состојки кои се содржат во лимонот, ја поттикнуваат размената на протеини и на тој начин придонесуваат кон намалување на телесната тежина. И покрај киселоста, лимонот во комбинација со млака вода е многу ефективен во ублажување на бројни дигестивни проблеми, како гадење, зголемено лачење на желудочна киселина, констипација и инфекција со цревни паразити. Се смета дека помага и при олеснување на икањето.

Сокот од лимон, растворен во чаша вода, кога се зема редовно наутро, дејствува како тоник за црниот дроб. Го стимулира лачењето на состојки кои го олеснуваат варењето на храната.

Некои докази укажуваат на тоа дека сокот од лимон го олеснува симптомите на астма, крајници и болно грло. Лимонот дејствува како диуретик. Одличен е за луѓе кои страдаат од инфекции на уринарниот тракт. Помага и при проблеми во зголемени концентрации на уреа, како последица од реума и артритис, затоа што го олеснува исфрлувањето на токсините и патолошките бактерии преку урината.

Во 100 грама лимон има 32 калории, 50 милиграми витамин Ц, 40 милиграми калциум, 22 милиграми фосфор, а во помали количини го содржи и витамините тијамин и рибофлавин.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...