Почетна / Рецепти / Лимон и лимета – подгответе освежителна летна напивка

Лимон и лимета – подгответе освежителна летна напивка

Лимон и лимета спаѓаат во фамилија на цитрусно овошје и еднакво позитивно делуваат на организмот. Богати се со витамин Ц кој посебно е потребен во летните денови. Витаминот Ц е антиоксиданс за кој е докажано дека спречува настанување на брчките. Доколку Вашиот организам е богат со овој витамин во текот на летото, не мора да се грижите за брчките кои се предизвикани од сончевите зраци.

Лимонот и лиметата, не само дека ќе Ве заштитат од штетните надворешни влијанија, туку ќе Ве освежат. Хидратацијата е исто така многу важна за време на големите горештини затоа што организмот мора да ги надомести течностите кои се губат преку потењето.

Лимон и лимета – освежителна летна напивка – за која ви е потребно:      

  • Половина лимон – излупен и исчистен
  • Половина лимета – излупена и исчистена
  • Две банани
  • Сок од еден поголем портокал
  • Мала лажица мед

Сето ова заедно ставете го во блендер и измиксирајте. Миксирајте околу половина минута додека не добиете течна смеса.

 

 

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...