Почетна / Диети / ЛИФТИНГ ДИЕТА – НАМАЛЕТЕ ГИ КИЛОГРАМИТЕ И ПОДМЛАДЕТЕ СЕ!

ЛИФТИНГ ДИЕТА – НАМАЛЕТЕ ГИ КИЛОГРАМИТЕ И ПОДМЛАДЕТЕ СЕ!

Диетата на американскиот дерматолог Nicholas Pericone не само што ги намалува килограмите туку и ги бриши брчките. Според Pericone знаковите на стареењето не се неизбежна судбина. Како би ги избришале брчките, мора да ги запрете процесите кои предизвикуваат воспаленија и го забавуваат обновувањето на кожата. Се прашувате како? Тајната е во збогатувањето на храната со антиоксиданси, белковини и масни омега 3 киселини. Лифтинг диета е богата со риба и месо, бидејќи тие намирници содржат состојки кои кожата ја прават да биде мазна и цврста. Но ова диета не дозволува јагленохидрати со висок индекс на гликемија и заситени маснотии, затоа што токму овие намирници предизвикуваат воспаленија и дебелење.

Што да јадете?

Јагленохидрати со низок индекс на гликемија: овошје, мешунки, интегрални житарки.

Намирници богати со есенцијални масни киселини (омега 3 и омега 6) и белковини со високи биолошки вредности: лосос и сите риби кои се богати со омега 3 масни киселини, туна, сардини, харинги со масло.

Од зеленчук треба да изберете кој е зелен по боја како што е спанаќ, зелка, кељ, брокула …

Од овошје изберете грозје, диња, портокал, авокадо, јаболко, праска

Што да не јадете?

Еве кои намерници треба да ги избегнувате како би ослабеле и како кожата би Ви блескала:

Храна која го менува нивото на инсулинот: рафинирани јаглени хидрати ( тестенини, ориз, леб, пица), компир, варен морков, благи посластици, суво овошје.

Храна која е богата со заситени маснотии: говедско месо, салами, сирења (освен фета и пармезан), путер, маргарин и полномасно млеко.

Некои видови на свежо и суво овошје како што се манго и папаја, суво грозје, марели, банана.

Медот на Pericone диета предвидува четири неделен режим на исхрана со кој ќе симнете 5 килограми. Веќе по 15 дена ќе имате видливи резултати: мазна кожа, цврсто ткиво и до 5 килограми помалку.

ПОНЕДЕЛНИК

Утрински појадок: 120 грама лосос, ½ шолја со зобни снегулки и 1 шолји шумско овошје, 4 бадеми, зелен чај.

Ручек: 120 грама месо од мисирка печено на скара, зелена салата со домати, половина шолја варени мешунки, зелен чај.

Ужина: 60 грама бело пилешко месо печено во рерна, 4 лешници, четири парчиња целер.

Вечера: 120 грама лосос варен на пареа, една шолја пире од леќа, зелена салата со масло и лимон, половина шолја спанаќ варен на пареа, зелен чај.

ВТОРНИК

Утрински појадок: омлет од три белки и една жолчка, половина шолја шумско овошје, индиски чај.

Ручек: 120 грама димен лосос, зелена салата со домати, зелен чај.

Ужина: половина шолја свежо кравјо сирење, 4 зелени маслинки, 4 листа зелена салата.

Вечера: 120 грама скуша од конзерва, една шолја од пилешко и зеленчук, зелена салата со авокадо и целер.

СРЕДА

Утрински појадок: 2 парчиња варено месо од мисирка, 170 грама јогурт, половина шолја шумско овошје, 3 лешници, чај или вода.

Ручек: 100 грама туна од конзерва, една шолја сечени домати и краставици, половина шолја салата од мешунки.

Ужина: 60 грама печено месо од мисирка, 4 бадеми, 1 круша.

Вечера: 120 грама лосос печен на тава без масло, ¼ шолја мешунки, салата од спанаќ, печурки и кромид, ¼ шолја варени леблебии со масло и лимон.

ЧЕТВРТОК

Утрински појадок: 2 парчиња месо од мисирка печени на скара, омлет од 3 белки и 1 жолчка.

Ручек: 120 грама месо од мисирка од скара со лук, кромид и масло. Половина шолја броколи варени на пареа, половина шолја шумско овошје, зелен или црн чај.

Ужина:  2 парчиња печено месо од мисирка, 4 помали домати, 4 бадеми.

Вечера: 170 грама туна, 8 парчиња кељ, зелена салата со 60 грама леблебии печени во масло, лук и лимон.

ПЕТОК

Утрински појадок: 120 грама димен лосос, половина шолја зобни снегулки варени во вода со цимет, 2 лажици мелени бадеми, јаболко, индиски чај или вода.

Ручек: 120 лосос со лимон и зелена салата, половина шолја пире од леќа, зелен чај или вода.

Ужина: 2 парчиња месо од мисирка, половина шолја шумско овошје, 4 лешници.

Вечера: печено бело пилешко месо, половина шолја тиквички печени на скара, половина шолја салата од мешунки.

САБОТА

Утрински појадок: омлет од три белки и 1 жолчка, парче месо од мисирка, јаболко, индиски чај или вода.

Ручек: 120 грама лосос со лимон и зелена салата, половина шолја пире од леќа, зелен чај или вода.

Ужина: тврдо варено јајце, половина шолја шумско овошје, 3 бадеми.

Вечера: грчка салата со три црни маслинки, 30 грама фета, пола краставица и 4 помали домати, аспарагус варен на пареа, јаболко.

НЕДЕЛА

Утрински појадок: 90 грама печен лосос, половина шолја зобни снегулки, помало јаболко, индиски чај или вода.

Ручек: салата од 170 грама месо од рак и сечкан корен од целер зачинето со половина шолја јогурт и сок од пола лимон, една шолја шумско овошје, зелени чај или вода.

Ужина: шолја зобни снегулки, 4 бадеми, јаболко.

Вечера: бело пилешко месо печено на скара, ¾ шолја печени печурки или тиквички, зелена салата со домати, босилек, 30 грама пармезан, зачинет со масло и лимон, половина шола шумско овошје.

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...