Почетна / Рецепти / Лесен, едноставен и вкусен колач со боровинки и овес

Лесен, едноставен и вкусен колач со боровинки и овес

Состојки:
  • 1 шоља исклучиво свежи боровинки
  • 2 шољи брашно
  • 1 шоља кафеав шеќер
  • 2 лажици пециво
  • 1лажица сол
  • 1 шоља јогурт
  • 2 јајца
  • 1 стапче омекнат путер
  • 1 лажица ванила
  • 1/2 шоља овесни снегулки
Подготовка:
  1. Загрејте ја рерната на максимална температура и подмачкајте тавче за печење со путер и врз него нанесете хартија за печење
  2. Подгответе ја смесата- течната и сувата смеса се мешаат различно една од друга
    *Течната смеса се поготвува со мешање со миксер на јајцата  со јогуртот, стопениот путер и екстрактот од ванила.
    *Сувата смеса се подготвува од мешање на брашното, печивото, шеќерот и солта.
    Откако поединечно ќе се измешаат, во садот со водената смеса полека со дрвена лажица и континуиррано мешање се додава сувата смеса и се избегнува формирање на грутчиња. Откако смесата ќе стане со мешањето хомогена се додава во тавчето.
    Во тавчето се додава еден слој од смесата и се истураат дел од боровинките, па напоредно уште еден слој од смесата па се додава и остатокот
  3. Се пече на температура од 180 степени се додека не добие боја . За подобра проверка боцнете со чепкалка за заби.
  4. Колачот се прекрива со крпа и се остава да олади малку околу 5 минути се посипува со шеќер во прав.
  5. Се послужува топол.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...