Почетна / Совети за здравје / Лековити зачини кои го лекуваат гласот

Лековити зачини кои го лекуваат гласот

Голем број на традиционалните јадења се незамисливи без медитеранските зачини. Поред тоа што го подобруваат вкусот, зачините поседуваат многу лековити својства. Мајчина душичка е силен антибиотик, а оригано е докажано еден од најсилните природни антиоксиданси.

Босилок – е отсекогаш познат како антисептик и природен антибиотик. Состојките на босилокот освежуваат релаксираат и ја смируваат кожата па затоа се употребува во препаратите за нега на кожата, посебно на она кожа која е со акни и митесери. Препаратите на база на босилок се употребува за опуштање на напнатите нерви, за поттикнување на варењето на храната и смирување на грчевите, како и за зајакнување на нервниот систем.

Жалфија – латинското име salvia во превод значи “да се биде здрав” е многу лековита билка. Освен што е антисептик, делува и проти габично, ги смирува воспаленијата и поттикнува зацелување на кожата, се користи кај болки во грлото, кашлањето, настинка и грип. Бидејќи го регулира работењето на потните жлезди, го намалува потењето и се користи во козметиката.

Оригано – неговото име во превод од грчки значи “радост на планините” отсекогаш се користел за лекување на настинка главоболка и забоболка. Во модерната фитотерапија е познат како еден од најсилните природни антиоксиданси. Го поттикнува варењето и функционирање на џигерот и жолчката и успешно се применува кај акутното воспаление на синусите, грип и настинка, но и кај хроничната главоболка.

Ловор – го зајакнува апетитот, го поттикнува искашлувањето, помага кај бронхитис, настинка и грип. Масирањето со масло од ловор го намалува реуматските болки и болките во мускулите и зглобовите.

Мајчина душичка – поради незините својства важи како природен антибиотик. Ја поттикнува циркулацијата и варењето, делотворна е кај воспалението на дишните патишта, кај болка во мускулите и зглобовите, а поради незините позитивни својства се користи уште и за подобро помнење и концентрација.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...