Почетна / Совети за здравје / ЛЕКОВИТ РЕЦЕПТ ОД ТИБЕТ СТАР 2000 ГОДИНИ!

ЛЕКОВИТ РЕЦЕПТ ОД ТИБЕТ СТАР 2000 ГОДИНИ!

Рецептот за овој тибетански лек пронајден е во стариот тибетански манастир, напишан на глинените плочки. Се претпоставува дека е напишан пред повеќе од 2000 години. Поред тоа што успешно ги чисти крвните садови, овој стар тибетански лек ја подобрува еластичноста на крвните садови, спречува инфаркт на срцето, мозочен удар и ангина пекторис. Потоа спречува настанување на тумори, го подобрува видот и го подмладува организмот. Се користи против триглицеридите, холестеролот и настанување на наслаги во крвните садови, како и за долговечност.

Тибетански рецепт ( лук и лимон )    
Подготовка:
300 грама лук и 1 килограм лимони со кора се мели на ситно. Потоа во тенџере турете 1,5 литар вода да зоврие, а потоа намалете го огнот и додадете го сомелениот лук и лимонот, па поклопете го тенџерето. Исклучиво на тивок оган се вари ова смеса 14 – 15 минути (никако подолго). Потоа тргнете го тенџерето од огнот и оставете ја смесата да се излади. Ова е тибетански лек кој треба да се тури во стаклена тегла и да се чува затворен со капак.

Овој лек се зема на празен стомак секое утро и тоа 0,5 децилитри во текот на 25 дена. Задолжително се прави пауза од 10дена, а потоа повторете ја постапката се додека Ви се подобри здравствената состојба. Потоа престанете со употребата на лекот.

Предупредување: Строго придржувајте се до дневната доза на лекот и паузата од 10 дена помеѓу два циклуси. По излекувањето не треба да се зема лекот, туку само ако дојде до тоа да оди на полошо здравствена состојба. Здравите личности кои ќе се одлучат да го консумираат лекот поради подобрувањето на општата состојба на организмот нека применуваат само една или две тури годишно и тоа два пати по 25 дена во временската оддалеченост од 6 месеци.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...