Почетна / Совети за здравје / Леќа – вистински рудник на витамини, минерали и протеини

Леќа – вистински рудник на витамини, минерали и протеини

Леќата е вистински рудник на витамини од Б групата кои поволно влијаат на нервниот систем, додека високата концентрација на железо помага во спречувањето на малокрвност.

Ова мешунка преставува концентрирана храна која преставува одличен извор на енергија која доаѓа од протеините и јаглените хидрати, затоа што леќата практично не содржи масти. Бидејќи малку ја зголемува киселоста на организмот добро е да се јаде во комбинација со зелен зеленчук. Леќата е богата со влакна, така да одлично го регулира работењето на цревата. Само 100 грама сурова леќа задоволува скоро сите хранливи потреби на врвните спортисти. Добро е да се консумира со лимон кој е богат со витамин Ц бидејќи ќе се подобри впивањето на железото од леќата. За внесување на сите аминокиселини најдобро е леќата да се комбинира со ориз. Леќата најдобро се подготвува така што преку ноќ се потопува во вода, а наутро се мие и се остава влажна. Потоа повторно 3-5 пати се мие со вода се додека не почни да рти, што се случува за 24 часа. Штом ќе се појават малите никулци, леќата може да се консумира како додаток во разновидни салати. Ова постапка на подготовка важи за сите мешунки. Леќата подготвена како манџа или супа е одлична храна како за возрасни така и за мали деца.

12079822_457380911101176_9129487172967870038_o

Од минерали најмногу содржи калциум, железо, магнезиум и фосфор, а од витамини содржи витамин Ц, Б и фолна киселина. Според процената на докторите леќата е потребно да се јаде најмалку три пати во неделата.

Постои дури 40 вида на леќа, во супите најчесто се користи црната леќа, зелената леќа се користи како додаток на салатите или во манџи, црвената леќа со варењето станува по структура кремаста, додека розова леќа најчесто се користи во зачинети чорби.

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...