Почетна / Здравје и исхрана / Леблебија, хранлива и благотворна

Леблебија, хранлива и благотворна

Леблебиите се мешунки кои потекнуваат од Средниот исток, но брзо се проширеа во Индија, медитеранските земји, и во Америка. Имаат жолто кафеава боја и по изглед потсетуваат на исушен грашок. Се јадат варени или пржени, имаат висока калориска вредност и многу се богати со хранливи состојки.  Бидејќи содржат висок ниво на белковини, многу се застапени во вегетаријанската кујна, бидејќи се одлична замена за риба и месо. Ова врста на мешунки е одличен извор на протеини и железо. Содржајот на калциум и калиум во листот на леблебијата е многу поголем од спанаќот и зелката, додека содржајот на железо, цинк, бакар е приближно ист.

Го намалува холестеролот – во овие мешунки има и магнезиум, кој е клучен фактор за регулирање на притисокот, контролирање на работата на срцето, врзување на калциумот за коската, како и намалување на нивото холестеролот. Леблебијата има низок гликемиски индекс, така да можи да поможи во стабилизацијата на нивото на шеќерот во крвта. Содржи висок процент на фосфор, дури 20 пати повеќе од риба, која е позната по високо количество на фосфор. Леблебиите лесно се варат и помогнуваат кај проблеми со пробавниот систем и на луѓе кои патат од синдром на иритабилно црево. Доколку редовно се јадат, ова мешунка можи брзо да го намали холестеролот.

Исфрлува отрови – леблебиите помагаат да се од организмот исфрлат сулфат кои често се користат како конзерванси во преработка на храната. Американската управа за храна  и лекарства ги даде информациите дека еден од 100 луѓе е преосетлив на сулфати. Ова осетливост може да се јави во било кој период од животот, а симптоми се слабост, мачнина, дијареја, алергија, тешко дишење.

Рецепт за хумус

Хумус е намаз од леблебија. Прелиен со маслиново масло можи да седи и до 15 дена во фрижидер.

СОСТОЈКИ 300 грама сирови леблебии, 3 лажици таан ( паста од сусам ), сок од 2 лимони, сол, црна пипер, маслиново масло, црвена пипер по потреба

ПОДГОТОВКА

Потопете ги во вода леблебиите, и оставете ги така цела ноќ, а утре варете ги во водата додека не омекнат. Кога ќе се сварат, исцедете ги, но сочувајте ја водата каде што се вареа леблебиите. Сварените леблебии ставете во миксер и додадете сок од еден лимон, 3 лажици маслиново масло и 3 лажици таан ( паста од сусам ), Водата во која што се вареа леблебиите додавајте малку по малку, така да миксер можи да работи, но да не биде премногу ретко. Треба да има густина како компир пире, смесата истурете во некој подлабок сад, наросете малку црвена пипер и прелијте малку со маслиново масло, за да не се суши. Маслиновото масло ќе ја сочува свежината на хумусот. По желба можете да додадете и лук

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...