Почетна / Здравје и исхрана / Лаванда – ароматична господарка на Медитеранот

Лаванда – ароматична господарка на Медитеранот

Лавандата благотворно делува на желудникот и матката, ја намалува надуеноста, ги отстранува менструалните болки. Се користи при алергии, астма, бронхитис, воспаление на грлото … 

Невообичаена виолетова боја на лавандата, е комбинација на црвената и сината боја, која ја симболизира страста и менталните способности. Одамна се смета за билка која го воспоставува складот на душата и телото. Има силно анти токсично делување и латинското име lavare ( прочистување ) совршено и одговара.

Заштитен е знак на Франција и ја нарекуваат ″неодоливата господарка на Медитеранот″. Има пријатен и ароматичен мирис, помалку горчлив вкус. Со векови цветот на лавандата се суши и се става во плакари, за да на гардеробата и даде пријатна миризба, но и да ги истера комарците, молците и другите инсекти.

За лековита цел подготвуваме чај, билни капки, етерско масло, купки, средство за инхалација. Благотворно делува на желудникот и матката, ја смирува надуеноста, позитивно делува за излачување на урината и ги отстранува менструалните болки. Се препорачува и за мигрена, смирување, кај срцебиењето и несоницата, грчевите во цревата. На кожата, посебно масната, постигнува одлични резултати, ги отстранува акните, помага кај дерматитисот, псоријаза, егземи, опаѓање на косата. Народните лекари ја користат кај алергијата, астмата, бронхитисот, воспалението на грлото, инфекцијата на усната шуплина, кашлањето, воспаление на синусите, конјунктивитисот, болката во увото, непријатниот здив …

Со оглед на тоа дека е силен антисептик и спречува размножување на бактерии, од лаванда се прават облоги за изгорениците и раните кои го поттикнуваат обновувањето на ткивото. Етерското масло од ова билка има посебна вредност, има дезинфекциона моќ како алкохол, а не печи. Ароматерапевтите го нарекуваат ″мајката на етерските масла″. Најдобар ефект се постигнува во делувањето со камилица, рузмарин и жалфија, затоа што овие билки го зголемуваат делувањето на лавандата.

Вдишувањето на есенцијалното масло во времетраење од 5 минути, го намалува нивото на кортизол (хормон на стресот) во плунката за 24 проценти, востановија истражувачите. Докажано е дека кортизолот го зголемува крвниот притисок и го ослабува имунитетот. Исто така вдишувањето го подобрува исфрлувањето на слободните радикали од организмот. Освен тоа, делува стимулативно на работењето на мозокот и пријатно ги освежува просториите. Кај воспалението на грлото се користи разредено масло. Капка масло се става во чаша со млака вода и се плакни грлото.

Добро е неколку капки масло да се стави во миризливата ламба, наполнета со вода. Во иста намена може де користи и стаклена чаша со подебело дно.

ОПАГАЊЕ НА КОСАТА                       

Препаратот се подготвува така што во 15 грама осушени цветови на лаванда се меша со 25 грама суви цветови на камилица. Се прелева со 3 децилитри зовриена вида. Се цеди и се остава да се лади, а потоа се додава 0,5 децилитри сок од лимон. Тоа се додава на последната вода за плакнење на косата, а по долгата примена, косата престанува да опаѓа, станува блескава и здрава.

ПРОТИВ НЕСОНИЦА       

Во литар вода се додава две лажици од билната мешавина (по 50 грама суви цветови на лаванда, кантарион, корен од јаглика). Се поклопува и се вари на ниска температура 10 минути. Се трга од огнот, се процедува и во текот на денот се пие три до четири шолји. Чајот се чува во термос, затоа што е важно да биде топол и да се пие голтка по голтка.

КУПКА ЗА СМИРУВАЊЕ            

Лажица сол или мед измешајте со десетина капки масло од лаванда и се додава во водата за капење. Доколку се третираат само нозете, доволни се три до пет капки. Ова купка го смирува нервниот систем, ја намалува напнатоста и менструалните тегоби, високиот крвен притисок и грч во мускулите.

Проверете и

Зошто е корисен AlphaSorb-C од Now Foods?

Зошто е корисен AlphaSorb-C од Now Foods? Има антиоксидативна заштита Брза апсорпција на Витамин Ц ...