Почетна / Активен живот / L-CARNITINE – ТРАНСПОРТЕР НА ЕНЕРГИЈА ВО ОРГАНИЗМОТ

L-CARNITINE – ТРАНСПОРТЕР НА ЕНЕРГИЈА ВО ОРГАНИЗМОТ

slice

Во многу информативни средства се сретнуваат написи за дејството на L-Carnitine, воглавно како рекламни пораки за слабеење. Многу луѓе имаат чуено за L-Carnitine но колку од нив вистински знаат што е тоа и како дејствува?

Што е во суштина L-Carnitine?

L-Carnitine е супстанцa која се добива од 2 есенцијални аминокиселини: лизин и метионин. За да се произведе во телото потребно е да ги има во доволна количина витамините Ц и Б6, ниацин и железо. Покрај тоа што самиот организамот го создава (околу 20 мг дневно) потребно е да се внесува, бидејки во зависност од активноста дневните потреби достигаат до 300 мг. Главен извор е црвеното месо (од таму и името – царнус месо), помалку го има во растенијата (на 100 г има: во црвеното месо 145 мг, во морковот 0.5 мг, во печурките 2.5 мг). Откриен е 1905 год. и во почетокот се сметало дека е витамин, се до моментот кога се открило, дека организамот сам го создава.

L-Carnitine,Now Foods, Тримекс Дооел
L-Carnitine,Now Foods, Тримекс Дооел

Која е неговата улога во организмот?

L-Carnitine се создава во бубрезите и црниот дроб, од тука се транспортира во ткивата на скелетните мускули и срцевиот мускул, кои имаат можност масните киселини да ги користат како енергетски извори. L-Carnitine е задолжен  за транспортот на масните киселини со долги синџири кои сами не можат да ја преминат мембраната на митохондриите (“енергетските реактори” на клетките), каде што се врши бета оксидација, поточно искористување на масните киселини како енергетски извори. Исто така тој е задолжен остатоците на масните киселини, односно отпадните продукти, да ги изнесе од клетките и да спречи нивно натрупување во митохондриите, а со тоа да направи место за влегување на нови масни киселини. Еден грам L-Carnitine транспортира околу 850 грама масти. Треба да се нагласи дека за транспортот на масните киселини низ клеточната мембрана и во митохондријата потребни се уште 4 ензими. Нашиот организам е прилаготен да троши 2 вида енергија: од јагленохидратите и од мастите. Во организмот резервите на јагленохирдратите што се користат за енергија се орграничени (околу 600 г). Tој нив ги користи во првите 4-5 минути, а ако има потреба од подолга работа, организамот ги користи масните киселини како енергетски извори, зашто ги има во многу поголеми количини (масти во организамот има најмалку 10% од телесната маса).

L-Carnitine го штити организамот на тој начин што го смалува “лошиот” ЛДЛ холестерол а го зголемува “добриот” ХДЛ холестерол. Но да нагласиме дека L-Carnitine не го потпомага поголемото трошење на масното ткиво, туку помага масните киселини да поминат во клетката и митохондријата, каде се користат како енергетски материи. Овие сознанија ги поттикнале производителите да го препорачаат како средство за слабеење. L-Carnitine не е чудотворно средство кое ќе ги топи мастите само по себе. Без физички активности (најмалку 30 минути) нема да даде позитивни резултати. L-Carnitine може со денови да го има во клетките, но ако нема зголемена енергетска потрошувачка, која ќе ги придвижи мастите од стомакот, колковите и од другите места, нема да има трошење на мастите. Затоа се потребни аеробни физички активности (физичка активност подолга од 6 минути), која ќе го натера телото да има потреба од енергија која ќе ја добива од мастите. Мастите ќе ослободат масни киселини, кои ќе одат до клетките, а L-Carnitine ќе ги стави во “митохондриалната печка” да согорат и ослободат енергија.

Присутни се и други функции во организмот кои се директно или индиректно поврзани со L-Carnitine, на пример: намалувањето на заморот; според клинички испитувања, ако L-Carnitine се дава на пациенти по прележан срцев удар, се смалува смртноста во првата година по ударот од 12.5% на 1.2% , болните покажуваат поголема толеранција кон физичките оптоварувања,  затоа што 70% од енергијата што е потребна за срцевата работа, се добива од масните киселини; ги смалува триглицеридите; го зајакнува имунитетот; помага во обновата на клетките оштетени од големите физички оптоварувања. Ги подобрува спортските перформанси на тој начин што ги штеди јагленохидратите, а со тоа се намалува акумулирањето на млечната киселина и се намалуваат болката и заморот по големи оптоварувања. Концентрацијата на L-Carnitine е во директна врска со подвижноста на сперматозоидите, што значи ако тој е намален, се намалува и подвижноста на сперматозоидите. Со зголемување на активноста на митохондриите се подобрува функцијата на мозокот особено меморијата.

Кога го има во помали количини во организамот?

Ваквата појава може да биде примарна – заради  генетски нарушувања или секундарна, кога доаѓа до намалување на создавањето на L-Carnitine во организамот. Секундарни намалувања се присутни ако има заболување на бубрезите и црниот дроб, бидејки тој таму се создава, потоа кај болни кои се на хемодијализа. Помалку се создава ако недостасуваат или ги има во мали количини основните материи од кои се создава на пр. витанините Ц и Б6,  железото и аминокиселините лизин и метионин.

Колку и како треба да се зема?

Потребната днева доза е во зависност од потрошувачката на масните киселини. Дневните потреби се движат од 0.5 до 1 грам. Најдобро е ако се внесе еден час пред оброк или пред физичко оптоварување. Пред оброк, бидејки внесените маснотии со оброкот подобро ќе согорат, ако предходно во митохондриите има L-Carnitine. Пред физичко оптоварување, за да има подобро ослободување на енергија кога таа е потребна.

Trimeks dooel
tel.: 02 / 32 46 000
www.facebook.com/Trimeks
info@trimeks.com.mk
www.trimeks.com.mk

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...