Почетна / Здравје и исхрана / Куркума – вкусен и пред се здрав зачин

Куркума – вкусен и пред се здрав зачин

Доколку не ја имате користено куркумата, време е да ја пробате, затоа што е вкусна и одлична за здравјето. Куркумата по потекло е од Индија, по боја е жолта и има малку лут вкус, а освен што јадењата ги прави да бидат повкусни, има одлично влијание на здравјето. Во последните 20 години направени се многу студии кои покажуваат дека главната состојка на куркумата, куркуминот е добар за превенција на многу болести но и лекувањето на некои состојби.

Анти воспалително делување      

Бидејќи воспалението е главен фактор во развивањето на хроничните дегенеративни заболувања, вклучувајќи ги и кардиоваскуларните болести, алергии, дијабетес тип 2 или алцхајмер, куркуминот има антивоспалително делување кое може да биде добра превенција на тие состојби. Бројните студии покажале дека куркуминот може да се спореди со лекови кои ги земаме против воспаленија, како на пример ибупруфен.

Богата е со антиоксиданси        

Куркуминот обилува со витамини Ц и Е, а нивната моќ е и топењето на мастите.

Го намалува холестеролот        

Куркуминот е одличен во превенцијата на лошиот холестерол ЛДЛ, кој ги оштетува артериите и предизвикува болестите на срцето. Може да го намали и така да спречи настанување на крвните згрутчувања.

Го забавува стареењето на мозокот           

Куркумата исто така го забавува процесот на стареењето. До тоа сознание дошле научниците, затоа што откриле дека жителите на руралната Индија, кои јадат големи количества на куркума, имаат најмалку заболени луѓе од Алцхајмеровата болест во светот, посебно во споредба со Американците кај кои зачестеноста е поголема за 4,4 пати. По тоа истражување истражиле дека куркуминот може да го спречи оштетувањето на мозокот.

Куркуминот покажал значајни ефекти во спречувањето при собирањето на споевите кои се поврзани со прераното стареење. На пример, бета-амилоид е спој поврзан со стареењето на мозокот и развојот на Алцхајмер. И затоа е користен бидејќи може да го спречи насобирањето на тој спој.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...