Почетна / Рецепти / Кулинарски предизвик – кроасани со сусам

Кулинарски предизвик – кроасани со сусам

Шармот на Француските печива во Вашиот дом!

Состојки:

  • 1 – 1,2 килограми брашно
  • 2 лажици сол
  • 2 лажици шеќер
  • 2 лажици сув квасец
  • 2 јајца + 2 жолчки
  • 1 мала шолја масло
  • 1 голема шолја јогурт
  • 1 голема шолја млеко
  • Половина голема шолја млака вода
  • 250 грама маргарин
  • Сусам

Подготовка:   

Во млака вода додадете го квасецот и шеќерот. Во брашното додадете сол, јајца, масло, млеко, јогурт и надојдениот квасец па месете малу потврда кора. Од неа кинете и формирајте 16 мали топчиња. Секоја развијте ја во големина на чинија. На првото развиено топче ставете исечканиот маргарин па поклопете го со друго и така редете до осмото топче. На него не треба да ставате маргарин.

Постапката повторете ја и со другите осум топчиња.

Така сложеното тесто оставете го да поседи дваесет минути. Потоа разввијте го тестото до дебелина од околу 0,5 цм и сечете го како пица на триаголници. Долниот карај на триаголникот треба да биде околу 2 – 3 цм. Секој триаголник виткајте во ролна и ќе добиете кроасан. Редете ги кроасаните на хартија за готвење. Намачкајте ги со изматени жолчки и наросете со сусам. Печете ги на 200 степени 15 – 20 минути.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...