Почетна / Совети за здравје / Крвната група и темперамент

Крвната група и темперамент

Според Јапонските научници, некои наши особини се предодредени со крвната група која ја имаме. Дознајте ги резултатите од нивните истражувања.

Крвна група А

Наједноставно би можеле да ги дефинираме како чувствителни на се. Тешко се прилагодуваат на животните ситуации и неспособни се да се изборат за она што го сакаат. Многу се нежни, ранливи, емотивни, бараат многу љубов и поддршка. Уште и во детството покажуваат голема несигурност во себе и своите способности и затоа треба да се охрабруваат. Не се спремни за ризик и во животот сакаат мир и сигурност.

Доблести: Сакаат хармонија, мир и организираност. Чувствителни се, трпеливи и сакаат да соработуваат со другите.

Слабости: Тврдоглави се и не знаат да се опуштат.

Крвна група Б

Тие се родени борци, знаат што сакаат од животот и успешно се борат за нивните цели. Поседуваат неверојатна енергија и цврстина, која понекогаш преминува во грубост. Со нив не е лесно да се живее. Тие го следат нивниот пат без оглед на цена, ги кршат сите препреки пред нив. Мразат секоја слабост и не им опростуваат ниту на најблиските. Луѓе со ова крвна група родени се лидери, знаат да ја наметнат нивната волја и да ги повлечат луѓето со себе.

Доблести: Тие се индивидуалисти кои се секогаш директни и сакаат сите работи да ги извршуваат на свој начин.

Слабости: Секогаш инсистираат да бидат независни.

Крвна група О

Овие луѓе се изразито прилагодливи. Нема таа животна ситуација, колку и да е тешка, во кои тие не нема да се снајдат. И во најголеми проблеми тие се секогаш оптимисти. За се што ќе се прифатат им поаѓа за рака. Имаат изразена потреба за друштво, многу се комуникативни. Како деца тие се радознали, немирни и секогаш испрашуваат додека како постари обожуваат патувања, сакаат промени, нови краишта, нови луѓе. Интелигентни се и вредни, и насочени се кон сегашноста. Секогаш се добро расположени и во центар се во секое друштво.

Доблести: Сакаат да бидат лидери и кога нешто ќе посакаат, одат до крај. Веруваат во себе и лојални се.

Крвна група АБ

Овие луѓе полни се со внатрешна противречност. Иако се многу способни, често ги кочи нивната несигурност. Тешко се одлучуваат да нешто започнат, секогаш се сомневаат во нивните способности. Недостиг на доверба во себе секогаш ги кочи и  многу често одустануваат.

Доблести: Секогаш се со ладна глава и омилени во контакт со други луѓе. Играат фер, тактични се и главни се забавувачи во друштвото.

Слабости: Тешко донесуваат одлука.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...