Почетна / Рецепти / “Крем со јаболка и ореви”

“Крем со јаболка и ореви”

Брзо, вкусно и слатко… Направи го за една минута!

Состојки:

  • 2 јаболка
  • 150гр ореви
  • 250 мл слатка павлака
  • 250 гр крем сирење со благ вкус
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • сок од лимон

Подготовка:

Јаболката исечкајте ги на парчиња, па прелијте ги со сок од лимон за да не потемнат.

Изматетего сирењето со шеќерот во прав и ванилиниот шеќер, а во друг сад изматете ја слатката павлака. Додадете ја павлаката во сирењето, матејќи со движење од горе на долу.
Оревите исечкајте ги крупно, па распоредете ги во чашата. Одозгора ставете јаболко па крем. Наполнете ја чашата до врв, со повторување на слоевите додека не се потрошат состојките.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...