Почетна / Рецепти / Крем салата со кисела павлака

Крем салата со кисела павлака

Еве драги читатели еден предлог за крем салата која е едноставна за подготовка, а може да биде вкусен прилог на вашиот ручек. Aко остане нешто тогаш може вкусно да мезите со крекери или препечено лепче додека си гледате ТВ или си муабетите по дома со друштво.

Значи потребни ви се:

– 150 грама Битолско овчо сирење (пасирано)
– 2 лажици Битолска кисела павлака
– 2 лажици мајонез
– 1 лажица маслиново масло
– 1 / 2 лажици оригано
– 10 маслинки (ситно сецкани)
– малку сол

Измешајте ги сите состојки, изладете во фрижидер и веќе е спремно.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...