Почетна / Здравје и исхрана / Креативни идеи за утринскиот појадок или ужина

Креативни идеи за утринскиот појадок или ужина

Утринскиот појадок е најважен оброк и не треба да се прескокнува, а истото важи и за ужините. Во текот на ноќта нивото на шеќерот во крвта опаѓа, па ако го прескокнеме утринскиот појадок, веќе во средината на денот се соочуваме со главоболка, малаксалост и намалена концентрација. Нај оптимално време за утринскиот појадок е четириесет минути после станувањето. Децата кои редовно го јадат утринскиот појадок побрзо и појасно мислат, полесно ги решаваат проблемите, имаат повеќе трпение и помалку се нервозни.

Секој ден ја избираме храната според нашите можности и потреби, трудете се да храната која ќе ја изберете за себе и своето семејство биде здрава, богата со витамини и други хранливи материи. Најважно е да се јаде што е можно повеќе зеленчук, овошје, јатки и семки. Треба да се избегнува месо од скара, месни преработки и комерцијално месо, полномасни млечни производи, производи од бело брашно и газирани напивки.

Некој сака класичен, традиционален утрински појадок, другите пак вложуваат повеќе време во декорација на храната, уживајќи како во невообичаени  вкусови така и во несекојдневните форми.

Доколку Ви е потребна идеа за да Вашиот утрински појадок или ужина да бидат поубави и атрактивни, имаме неколку предлози за Вас. Ќе има за секој по нешто, за романтичарите, за повозрасните и младите, а најмногу за децата, посебно за оние пребирливите. Одличен начин Вашите најмлади да низ игра и забава внесат и храна која обично не ја сакаат. Не е исто да се изеде обичен сендвич, или да се изеде храна во форма на мече, маче, сонце итн. Почнете го денот со вкусна и здрава храна, насмевка, оптимизам и уживајте во животот. Добар апетит !

 

 

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...