Почетна / Фитнес и аеробик / Кратката историја на вежбањето – еволуција на физичкото образование

Кратката историја на вежбањето – еволуција на физичкото образование

Малку е познато дека физичката активност била дел од еволуционото преживување и напредокот на човечката раса.

Праисторискиот човек, номад и ловец, мораше да биде физички спремен како би можел да издржи големи напори бидејќи од тоа му зависел животот. Не му било непознато да преминува повеќе од десет километри дневно. Со откривањето на плугот и седечкиот начин на живот ( 10000-8000. г. п.н.е. ) означуваат почеток на помалку активен живот, затоа што човекот почнал самиот да одгледува храна, а животните наместо него изведуваат најтешките работи.

Древните цивилизации Кина и Индија (2500-250. г. п.н.е.) готово во исто време ја утврдија директната врска помеѓу здравјето и физичката активност, развивајќи ја јогата и кунг фу. Во Персија и Спарта ( 4000-250 г. п.н.е.) врвната физичка подготовка беше на цена поради војните причини. Во старата Грчка ( 2500-200. г. п.н.е.) се развива уверување дека развивањето на телото е подеднакво битно како и развојот на духот, па една од најпопуларните физички активности беше гимнастиката со придружба на музика. Старите Римјани ( 200. г. п.н.е.-476. г. п.н.е. ) исто како и Спартанците ја практикувале физичката активност, но подоцна за жал се предаваат на развратниот начин на живеење.

Во средниот век (900-1400.), физичката подготовка доживува подем како еден од предусловите за опстанок. Периодот на ренесансата го оживува старогрчкиот идеал за складот на телото и умот и многу влијателни луѓе од таа епоха ја пропагирале идејата дека физичката активност влијае на развојот на интелигенција.

Од тој период во Европа постапно се воведува физичко образование, кое покасно се проширува и до Америка. Исто така, се истражуваат и се воведуваат нови и се повеќе ефикасни врсти на вежбање како и нови спортови. Иако физичката активност во современото време можеби е и најдостапна, а свеста за неа многу раширена, се чини дека современиот човек се предал на нов седечки начин на живеење во вид на автомобил и компјутер, заборавајќи дека од физичката активност му зависи здравјето и опстанокот.

Проверете и

Што треба да се јаде пред и после вежбање

Доколку внимаваме на тежината и оджување на витката линија, некогаш исклучивото практикување на редовна физичка ...