Почетна / Здравје и исхрана / Краставица – сојузник на здравјето и убавината

Краставица – сојузник на здравјето и убавината

Краставицата е плод кој е во сродство со тиквата, тиквичката, дињата и лубеницата. Овој зелен зеленчук содржи 95 проценти вода и дава многу придонеси на нашиот организам, како за здравјето така и за убавината.

Богата е со минерали, природна сол, ензими и витамини и е силен антиоксиданс. Калиумот и манганот кои се наоѓаат во овој зеленчук го регулираат крвниот притисок, а влакната кои се наоѓаат во него го совладуваат чувството на глад.

Може да се јаде суров, варен, исцеден во облик на сок кој е здрав или како состојка од која се прават сосови и супи. Сокот од краставицата е извонредно здрав, но може да се нанесува на кожата како природен тоник. Овој зелен зеленчук ја лади и влажи кожата па затоа се користи и како природна состојка во козметиката за нега на кожата. Краставицата во исхраната има голем придонес за здравјето затоа што помага во лекувањето на многу болести, а  поради малку калории одличен е сојузник во слабеењето.

Ги намалува подочњаците

Една од најпознатите методи за отстранување на потеченоста и темните кругови под очите е користењето на свежа краставица. Овој зелен зеленчук содржи аскробинска киселина и кофеинска киселина кои го спречуваат задржувањето на водата, па затоа се намалува потеченоста на очите и подочњаците.

Ги ублажува изгорениците од сонцето

Краставицата има состојки кои ладат и кога се ставаат на оштетената кожа помага и ја намалува болката и го забрзува процесот на закрепнување. Се користи за заздравување на изгорениците кои се предизвикани при изложување на сонцето.

 Делува против брчки

Недостигот на водата во организмот предизвикува ситни брчки на лицето. Краставицата содржи високо количество на вода и помага во хидратацијата на кожата и со тоа ја спречува видливоста на знаците на стареењето.

Помага во слабеењето

Со оглед на тоа дека се најмногу состојат од вода, краставиците се сиромашни со калории. Совршена се замена за нездрави високо калорични појадоци. Содржат и диетални влакна кои се шират во желудникот и на тој начин ни даваат чувство на ситост. Храна која е богата со влакна спречуваат прејадување.    .

Сојузник на здравјето

Краставицата делува и како природен лаксатив и диуретик па затоа е добар за детоксикација на организмот и помага во намалување на потекување на нозете. Редовната консумација на овој зеленчук помага во лекувањето на запек, гастритис, чиреви, белодробни и бубрежните заболувања,артритис. Исто така помага и во превенцијата на кардиоваскуларни заболувања, мозочниот удар и некои видови на рак.

Сок од краставица помага во регулирање на шеќерната болест, па затоа е добар за дијабетичарите. Одлична е храна која ги лекува болестите на десните и ги зајакнува забите, ноктите и го поттикнува растењето на косата.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...