Почетна / Здравје и исхрана / Козјото млеко – најздраво и најслично на мајчиното млеко

Козјото млеко – најздраво и најслично на мајчиното млеко

Козјото млеко спаѓа во најздрави намирници посебно кога зборуваме за млечните производи. Неговата хемиска структура е неверојатно слична со мајчиното млеко. Од секогаш козјото млеко се употребувало не само за исхрана туку и како средство за лекување на многу заболувања како што е бронхитис, стопирање на алергии, за зајакнување на имунитетот, лекување и зајакнување на белите дробови.

Тоа во себе содржи витамини Б1, Б2, Б6 и Б12 па затоа го зајакнува и нервниот систем. Поради сето ова, лековитите својства на козјото млеко би требало да ги привлече и оние личности кои и не го сакаат неговиот мирис. Козјото млеко има карактеристичен вкус и мирис поради слободните масни киселини. Меѓутоа, свежото измолзено козјо млеко, со кое правилно се постапува, со одржување на висок ниво на хигиената, не отстапува и не се разликува од кравјото млеко. Освен тоа со правилната обработка на млекото, карактеристичните масни киселини остануваат врзани во глицеридите, што значително го намалуваат карактеристичниот вкус. Така, со честото ладење и загревање на млекото доаѓа до оштетување на мембраната на мрсната глобула на млекото, поради што доаѓа до ослободување на карактеристичната арома. Битен фактор е и исхраната на козата. Козјото млеко има и нутритивни и здравствени предности во однос на кравјото млеко, пред се има подобра сварливост и анти алергиско својство. Има специфичен мирис кој не е прифатлив за многу потрошувачи.

Козјото млеко обилува со калциум и фосфор, кои се важни за цврстина на коските, цинк и селен, силни антиоксиданси кој го одржуваат телесниот имунитет. Шпанските научници го  препорачуваат козјото млеко на луѓе кои патат од анемија. Токму козјото млеко го поттикнува искористувањето на железото во организмот и обновување на хемоглобинот, крвниот пигмент кој содржи железо.

Ова млеко е богат извор на био разградив калциум, железо, фосфор и магнезиум и ги содржи во поголеми концентрации во однос на кравјото млеко. Козјото млеко содржи околу 40% помалку цитрати во однос на кравјото млеко.

Козјото млеко е извонредно корисно да се консумира, затоа што има одредени, ефектни терапевтски вредности:

  • Лекува бронхитис
    Има анти алергиско својство
  • Го зајакнува имуниот систем
    Намалува ризик од ракот на белите дробови
    Добро е и за дијабетичарите

Со оглед на тоа дека козите ја јадат кората од билките, нивното млеко е богато со силициум а тоа е минерал кој позитивно влијае на кожата, косата, ноктите и нервниот систем.

Во себе содржи многу протеини кои се богати со есенцијалните аминокиселини, витамини и нема тешко сварливи масти. Не само дека е полесно за варење од кравјото млеко, туку козјото млеко содржи помалку лактоза, така да личностите кои се осетливи на лактоза полесно можат да го поднесат.

Кај децата кои се хранат со козјо млеко забележан е побрз раст, поголема телесна маса и подобра минерализација на коските во однос на децата која се хранети со кравјото млеко.

Витамини и минерали  

Млекото содржи познати витамини. Фактот дека недостигот на поедините витамини предизвикуваат заболувања, зборува дека правилната исхрана на луѓето ( посебно деца и заболени луѓе ) не може да се замисли без млеко. Иако содржината на минералните супстанци во козјото и кравјото млеко е доста сличен, козјото млеко содржи 13% повеќе калциум, 25% повеќе витамин Б6, 47% повеќе витамин А, калај 134% повеќе, ниацин три пати повеќе и бакар 4 пати повеќе. За минерализација на коските посебно е важна улога на калциумот и фосфорот. Со една чаша козјо млеко се осигурува 32,6% дневна вредност за калциум и 27% за фосфор, во споредба со кравјото млеко.  Кај возрасните козјото млеко може да помогне и во превенција на висок крвен притисок и артериосклероза. Козјото млеко е добар извор на калиум, есенцијален минерал за одржување на нормален крвен притисок и функција на срцето. Чаша козјо млеко содржи 498,7 милиграми калиум, па се на тој начин осигурува 14,2% дневни вредности. Козјото млеко исто така содржи 27% повеќе антиоксиданс селен во однос на кравјото млеко.

 

 

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...