Почетна / Совети за здравје / Корен од Перуанска Мака-лековита билка за поголема плодност и подобро здравје

Корен од Перуанска Мака-лековита билка за поголема плодност и подобро здравје

Мака е античка Перуанска билка (корен) со исклучителни карактеристики за подогнување на либидото, плодноста и енергијата кај мажите уште од времето на античките Инки кои ја користеле за време на војување со другите племиња.  

Позната по својот латински назив Lepidium meyenii, ја нарекуваат и златна Мака, а на запад позната е како Peruvian Maca. Поради својот голем потенцијал, го добила надимакот перуански Жен –Шен , иако билката Мака нема никаква поврзаност со Жен-Шенот освен доколку го земеме во обзир фактот дека лековитиот дел на овие две билки е коренот.
Состав: 
Мака расте во планинските региони на Перу, на изразито големи надморски височини што ја оправдува нејзината голема отпорност. Отпорните билки во својот состав содржат супстанции кои и нам може да ни пренесат такви слични особини.
maca-735w
Коренот на билката наликува на ротквица, со големина од 3-6 cm. Бојата на коренот варира од светло жолта до розе , до темни лилава па и црна. Перуанската Мака содржи изразито високи количини на амино киселини, витамини, минерали  и јаглени хидрати , до таа мера што нивните хранливи вредности може да се спорредат со оние на житариците.

Од минералите најзастапени се: калциумот, железото, натриумот, магнезиумот, фосфорот, цинкот, витамините B2, B12, E и C. Доста е битно да се напомене дека оваа билка содржи 20 различни аминокиселини од кои 7 од вкупно 11 есенцијални аминокиселини кои не можат да се создадат во човековиот организам и неопходно е да се внесат преку храната.
Во недостаток на разнолики намирници кои нам можат да ни ги обезбедат сите животно потребни материи добредојдени се и природните суплементи помеѓу кои се наоѓа и мелениот корен од перуанска златна Мака во чиј состав се крие моќта на природата во насока на подобрување на продуктивното здравје и на мажите и на жените .

Лековити својства на Перуанската Мака

  1. Континуираната употреба на коренот од мака ослободува од појава на хроничен замор, доведува до подигнување на нивоата на енергија и издржливоста на организмот
  2. Коренот од Мака ги подобрува менталните способности а на прво место концентрацијата и помнењето.
  3. Го забавува процесот на стареење на кожата и развојот на остеопороза
  4. Поттикнува зарастување на рани
  5. Коренот од Мака во својот состав содржи состојки кои делуваат како анелгетици, така што би можеле да остраната благи болки, тој поседува благо седативно дејство
  6. Перуанската Мака во секој случај најделотворна е кога станува збор за воспоставување на хормоналната рамнотежа односно влијае на подобрување на либидото.
    Покрај оваа функција помага при зголемување на количевството на спермата (повеќе поздрави нови сперматозоиди)
  7. Во последно време, Перуанската Мака станува синоним за ефикасно природно средство кое ја регулира функцијата на ендокрините желзди како кај мажите така и кај жените
  8. Затоа што влијае на стабилизација на нивоата на прогестерон и естроген ги ублажува и симптомите на PMS и го регулира менструалниот циклус кај жените
  9. Го подигнува нивото на плодност кај мажите и им овозможува квалитетен сексуален живот, затоа што исто така поволно делува на регулација на нивоата на тестостерон кј има директно влијание на сексуалниот нагон
  10. Билката Мака е корисна за лицата од двата пола во средни години односно во периодот на менопауза кај жените и андропауза кај мажите затоа што ги ублажува некои од карактеристичните симптоми кои можат да се случат за време на овој период односно процес.

Многу често станува збор за : умор, несоница, депресија, преосетливост на стрес. Дополнително Мака влијае врз процесот на регулација на хормоналниот дисбаланс во периодите на менопауза и андропауза

  1. Го подобрува сексуалниот живот затоа што ја враќа потентноста.


    Производот Мака можете да го погледнете на следниот линк:  http://www.trimeks.com.mk/product/maca/

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...