Почетна / Активен живот / Корен од Maca-античка Перуанска супер храна

Корен од Maca-античка Перуанска супер храна

Маса е растение кое потекнува од Перу, тоа расте на Андите во Перу и Боливија илјадници години.Член е на видот на групата на растенија Lepidium meyenii. Тоа произведува лисја кои растат над земјата, не се високи но затоа пак се одликува со својот бел цвет.  Лековиотиот дел од растението не е делот кој можеме да го видиме со око на прв поглед, туку коренот. Коренот од Маса познат е со векови со своите нутритивни и лековити  квалитети. Кога еднаш ќе се одбере традиционално коренот се суши и се прави во форма на пудра-прав.

Еден од неговите најголеми бенефити врз човековото здравје е моќта за зајакнување на либидото и обезбедувањето на енергија. Тој е моќен адаптоген, што означува дека има моќност да го одржува и стабилизира човековиот кардиоваскуларен, мускулаторен, нервен и лимфен систем.

Maca има способност за обезбедување на дополнителна енергија доколку на човекотму е потребна без притоа непотребно да ги стимулира премногу другите човекови системи.
maca
Перуанскиот биолог д-р Gloria Chacon de Popivici, истражува како Maca алкалоидите делуваат врз хипоталмусот и адреналните жлезди.Преку активирањена овие ендокрини жлезди, Maca дава способност за зголемување на нивоата на енергија, виталноста и либидото. Таа ја подобрува меморијата и го зголемува кислородот во крвта. Иако делува врз расположението и енергијата, сепак потребно е да се истакне дека најголема предност од користењето на овој корен се добива во делот на репродуктивното здравје.
Незиниот состав обезбедува високи нутритивни вредности обезбедувајќи високо квалитетни витамини и минерали. Maca во прав во најголем дел содржи во својот состав 60% јаглехидрати, 9%влакна, и околу 10% или повеќе протеини. Во незиниот липиден состав влегуваат линолинска киселина, палмитинска и олеинска киселина –примарни масни киселини доста важни.

Маса е богата со калциум, магнеиум, фосфор, сулфур, калиум и железо а содржи и мали количини на други минерали како цинк, јод , бакар, селен , манган и силициум диоксид, како и витамини Б1, Б2, Ц и Е. Овој корен содржи преку 20 амино киселини од кои  седум есенцијални амино киселини . Богат е извор на стероли и има висок процент на протеини и влакна за разлика од другите коренести зеленчуци.

Дали се јавуваат негативни ефекти од користењето на Maca? 
Во токсиколошки студии извршени во САД, Maca не покажала токсичност и негативни фармаколошки ефекти. Maca  потребно е да се користи балансирано и во модерација со други природни производи и храна.

Најголеми ефекти се постигнуваат кога  Maca се консумира во форма на суплемент. Позитивната страна е што како суплемент може да се користи и да се додава во храната како смути, чаеви, јогурти, пудинзи, чорби, супи,  овесни снегулки, мафини, колачиња, па дури и во домашно печен леб.  

Maca е моќна супер храна и потребно е да се користи модерирано.

trimeks

Проверете и

10 неочекувани причини да пиете повеќе вода

Со празниците зад нас и здравите навики во нашите умови, многумина се уште тагуваат за ...