Почетна / Здравје и исхрана / Коприва – резервоар на поливитамини

Коприва – резервоар на поливитамини

Уште во античкото време луѓето се лекувале со коприва. Преданијата кажуваат дека поедини луѓе се фрлале во коприви, и се верувало дека тие живееле сто години. Копривата е исклучително корисна и е вистински рудник на состојки кои се потребни на нашиот организам. Од неа се користи се: лист, корен и семки. Секако најздрава и најбогата со витамини е кога е млада и свежа.

Богатството од природата

Листот од копривата се собира од март до крајот на јули, а семето и коренот во септември, октомври и ноември. Ова богатство од природата содржи белковини, јаглени хидрати, масти, калциум, фосфор, железо, витамин Ц, А, Б2 и К, каротин, пантотенска киселина. Копривата е вистински резервоар на поливитамини и слободно може да се каже дека е побогата и од олиговит.

Чајот од коприва ги намалува болките во коските, но се пие и против дијареја, вагинален секрет, против хемороиди и воопшто за запирање на крвавењето, како надворешното така и внатрешното. Чајот или алкохолниот раствор од коприва помага кај растот на косата, против опаѓање на косата и првут.

Во руралните краеви свежата собрана коприва и ден денес се користи за третирање на местата на телото кои се заболени од реуматизам, ишијас и невралгија. Од копривата се издвојува хлорофилот со помошта на кој се лекуваат тешки анемии, а добар е и како превентива од заразните заболувања.

Маст за нега на испукана кожа

Измешајте пет лажици ситно исечкан лист од коприва и 100 грама растопена свинска маст. Варете на пареа додека не се создаде маста. Пред секое мачкање избришете ја кожата со чај од млака камилица. Испуканата кожа третирајте ја повеќе пати во текот на денот. Третманот треба да трае пет дена.

Против реуматизам

По 20 грама лист од коприва и бреза да се вари 15 минути во половина литар вода, се додава 20 грама цвет од бос, липа и пупки од топола и оставете го сето тоа да зоврие,поклопете, оставете го да поседи осум часа и се пие во текот на ден наместо вода.

За исфрлување на камења од бубрезите

По 10 грама коприва, дршки од вишни, лист од ајдучка трева се става да зоврие 10 минути во два литри вода, поклопете и после четири часа се пие во текот на денот.

За посилен имунитет

По пет лажици од исечкана коприва и лист и цвет од ајдучката трева ставете во литар зовриено вино. Оставете два часа и поклопете, па додадете мед. Да се пие на секои три часа по 50 грама во текот на седум дена.

Чај за желудник и џигер

Во два литра вода додадете три лажици исечкана коприва да поседи 12 часа. После тоа ова течност се вари поклопена половина час. Кога ќе се олади, се цеди и се пие по три пати на ден пред јадење една шолја. Лекот ја одвојува слузта од белите дробови, ги чисти цревата, џигерот и желудникот.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...