Почетна / Здравје и исхрана / Копар – природно средство кое го подобрува апетитот

Копар – природно средство кое го подобрува апетитот

Нежен и со пријатен вкус, копарот е одличен додаток во многу јадења, а посебно во супите, чорбите и манџите.   Копарот е билка која потекнува од југоисточна Азија која одамна се раширила во Европа. Денес се одгледува едногодишен копар чие етерично масло има најдобра арома, а целата билка содржи ова масло. Копар има пријатен мирис, се одгледува и размножува во градините.

Во кулинарството

Копарот најчесто се користи во манџите со грав, во салатите од компир, краставици и домат, за крем супи, кај подготовка на јадења со риба, а посебно е истакнат при подготовката на пастрмка. Поред тоа копарот се додава и во пикантните сосови. Листовите на копар одличен е додаток на свежиот сир, плодовите од морето и тестенините. Семките на копар можат да се додадат во оризот, во манџите со месо и зеленчук. Разликата помеѓу лисјата и семките  на копарот е во нивната пикантност. Кога е потребен поостар вкус, тогаш е подобро да се додадат семките. Модерното време бара брзина и појадок кој може да се однесе и на работа, па треба да нагласиме и тоа дека копарот е многу вкусен како додаток во сендвичите. Ви предлагаме три јадења, кои се подготвуваат брзо, и се многу вкусни.

Совет – Копар се користи како природен конзерванс. Кога се подготвуваат домашни кисели краставици за зимница, во секоја тегла се додава листови од копар или семки од ова билка.

Лековитите својства

Копарот го подобрува апетитот, но исто така е добар за пробава. Чај од копар го спречува повраќањето и е добро средство против грчеви и несоница. Освен тоа, овој чај на доилките им поттикнува создавање на млеко. Честа е состојка во детските лекови поради смирувачко делување. Џвакањето на семките од копар е добро за освежување на здивот, додека згмечени семки додадени во купка ги зајакнува ноктите.

Рецепти со копар:

Сос со копар  

Состојки: 2-3 лажици брашно, 1 лажица масло, неколку гранчиња копар, 3 децилитри супа, малку сол.

Подготовка: Брашното испржете го на масло (како за запршка), но внимавајте да не се згусне. Додадете ја супата и мешајте за да не се создадат грутчиња. Во глатката смеса додадете ситно исечкан копар. Додадете сол и со постојано мешање варете додека не зоврие. Служете со варено месо, риба, зеленчук.

Поховано пилешко месо во копар  

Состојки: ½ килограми пилешки филети, 2 јајца, 100 грама лебни трошки, 100 грама сезам зачин, масло за пржење, копар, сол, црн пипер.

Подготовка: Пилешкото месо исечете на филети, зачинете го со зачини и оставете ги во маслото да поседат. Изматете ги јајцата со малку брашно и зачинете ги со зачините така да смесата биде малку погуста од смесата за палачинки. Во лебните трошки измешајте сезам и копар. Пилешкото месо прво наросете го со брашното од сите страни, потоа ставете го месото во изматените јајца па на крај во лебните трошки и зачините и пржете на загреаното масло.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...