Почетна / Совети за здравје / Консумирањето на риба го намалува ризикот од мозочниот удар

Консумирањето на риба го намалува ризикот од мозочниот удар

Консумирањето на риба го намалува ризикот од мозочниот удар

Научниците од шведскиот Институт Каролински порачуваат дека консумирањето на риба го намалува ризикот од мозочниот удар.

Луѓето кои неколку пати во неделата консумираат риба се во помал ризик да го доживеат мозочниот удар, за разлика од оние луѓе кои ретко ја јадат рибата или воопшто не ја јадат.

Нивниот заклучок се базира врз анализата на резултатите на петнаесет студии, кои биле спроведени во САД, Европа, Јапонија и Кина каде што испитаниците дадоа податоци за консумирањето на рибата, а потоа биле следени помеѓу четири и триесет години.

Со овие истражувања биле опфатени околу 400 000 луѓе во возраст од 30 до 103 години. Заклучокот бил дека два до три оброци на риба во неделата се доволни да се намали за 12 проценти ризик од шлогот.

Се проценува дека за тоа се најзаслужни омега 3 масни киселини од рибата како и витаминот Д, селен и некои видови на протеини кои се карактеристични за риба.

Најблаготворно првенствено делување против шлогот има таканаречената мрсна риба, посебно лососот и харинга.

Шведскиот тим нагласува да кога рибата се подготвува со пржење, изостанува секое превентивно делување против мозочниот удар.

 

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...