Почетна / Здравје и исхрана / Консумирајте ги секојдневно семки од тиква, а еве и зошто …

Консумирајте ги секојдневно семки од тиква, а еве и зошто …

Семки од тиква во медицината се користеле веќе илјада години. Одличен се избор за грицкање затоа што се богат извор на омега 3 масни киселини кои на телото им се неопходни за одржување на здравјето на срцето и регулирањето на крвниот притисок.

Семките се добар извор на протеини и триптофан

Семките од тиква се богат извор на диетални влакна и масни киселини кои се одлични за здравјето на Вашето срце. Семките се исто така богати со протеини, минерали и корисни витамини. Само 100 грама семки од тиква има 30 грама протеини, дури 100% дневни потреби од железо, околу 30% потреби за ниацин, селен и цинк. Семките од тиква не содржат холестерол, а содржат и триптофан кои е корисен во исхраната на мозокот. Доколку јадете семки од тиква ќе ја намалите веројатноста од кардиоваскуларните заболувања.

БОГАТ СЕ ИЗВОР НА МАГНЕЗИУМ, КАЛЦИУМ, КАЛИУМ, ҖЕЛЕЗО, ЦИНК И ВИТАМИН К

Одлични се во војната против рак

Истражувањата на шпанските научници покажале дека семките од тиква содржат единенија кои успешно се борат против клетките на ракот. Ефикасни се во војната против различните видови на рак и имаат анти воспалително делување. Со истражувањата на германските научници се дошло до заклучок дека жените кои поминале низ менопауза и секојдневно јаделе семки на тиква имале за 23%помал ризик од настанување на рак на дојката. Подеднакво делотворно се покажале и со семките од сончоглед.

Здравје на простата   

Маслото од семките од тиква се користи за лекувањето на зголемената простата (hiperplazije). Маслото ги содржи фитохемикалиите и антиоксиднсите кои го намалуваат нивото на слободите радикали во телото и го спречуваат настанувањето на канцерогени клетки. Зголемената простата е проблем на околу половина мажи над педесеттата година, а семките од тиква и тоа како можат да помогнат.

Ги намалуваат симптомите на менопауза

Доколку барате природен начин да го подобрите расположението или да ги намалите симптоми на менопауза, семките од тиква се одличен избор. Семките го регулираат нападите на жештина,главоболка и ја намалува зачестеноста на моменталните промени на расположението. Научниците докажале дека семките од тиква го зголемуваат нивото на добриот (ХДЛ) холестерол и го регулираат крвниот притисок.

Го намалува холестеролот

Истражувањата покажале дека семките од тиква можат да го намалат нивото на лошиот холестерол за 13%, а нивото на вкупниот холестерол за 10%. Исто така се намалува ризик од згрутчувањето на крвта, болести на кардиоваскуларен систем, мозочен и срцевиот удар.

Го олеснува артритисот

Научниците востановиле дека семките од тиква имаат анти воспалително делување кое ги намалува симптомите на артритисот. Доколку патите од артритис, секој ден изедете околу 30 грама семки како би ги олеснеле симптомите на артритис.

 Спречува настанување на остеопороза

Луѓе кои во телото имаат недостиг на цинк треба да размислат за тоа да почнат да ги консумираат семките од тиква. Тие се одличен извор на цинк, минералот кој е потребан за изградба на коските. Само ¼ шолја семки од тиква содржат дури 17% препорачани дневни дози на цинк.

 

 

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...